• Latest

ССНМ: Затворање на дописништвата на МИА е непопуларна и недозволива мерка

December 22, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ССНМ: Затворање на дописништвата на МИА е непопуларна и недозволива мерка

December 22, 2022 12:00
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува жалење поради одлуката на АД МИА за ставање во мирување на неопределено време на дописништвата во Брисел, во Атина и во Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови.

Свесни сме за економската криза, односно за мерките за штедење кои беа наметнати на државните институции и претпријатија, меѓутоа се надеваме дека ќе се направат напори и ќе се изнајдат начини во најкус можен рок дописништвата да не престанат со работа.

Сметаме дека не смее да биде дозволено државна новинска агенција како што е МИА да нема свои дописници во едни од најважните главни градови во светот, особено во овој период на комплицирани и предизвикувачки меѓународни односи во светот.

Потенцираме дека особено е важно македонските граѓани да бидат објективно и навремено информирани директно од новинари кои се на местото на случување, особено за процеси како што се на пример пристапувањето кон Европската Унија, како во Брисел, така и во другите главни градови на земјите членки на ЕУ.

Со ваквата одлука на МИА предизвикана од одлуката на Владата за штедење директно се влијае и на несигурноста на работните места на новинарите и медиумските работници, но и врз стандардите и нормите за објективно и професионално известување за случувањата во светот.

Владата, како основач на МИА и контролор на нејзината работа, треба да води особена грижа за присутноста на државната новинска агенција во важните светски центри, и затоа ја повикуваме Владата да изнајде модус за понатамошно соодветно и комплетно функционирање на овој медиум, стои во соопштението од ССНМ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дописништвоМедиумиМИАновинарисиндикатССНМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result