• Latest

Членовите на ДИК се одговорни пред граѓаните и законот, не пред партиските лидери

August 24, 2016

Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

October 7, 2025

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Членовите на ДИК се одговорни пред граѓаните и законот, не пред партиските лидери

August 24, 2016 09:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата има обврска да обезбеди услови за сите свои граѓанки и граѓани да го искористат своето право на глас! Ова е право гарантирано од Уставот, законите и меѓународното право. Во ова обраќање до јавноста и до Државната изборна комисија, имаме намера да укажеме на неколку прашања поврзани само со еден сегмент од работата на оваа институција – листата на спорните гласачи. 

Активната регистрација на гласачите не беше предвидена со Изборниот законик на почетокот на реформите, за потоа да се  наметне како услов за 39,502 спорни гласачи од Избирачкиот список самите да го оправдаат своето постоење на таа листа. И тоа ќе беше сосема прифатливо, но доколку државата обезбедеше основни услови тој процес да се спроведе, да биде транспарентен и институциите да манифестираат барем минимум почит кон правото на глас кое им припаѓа на сите граѓанки и граѓани подеднакво. Но, еднаквоста заврши со еднаков третман на фантомските и реалните гласачи. Криминалното манипулирање со Избирачкиот список удри токму врз достоинството на граѓаните и врз законитоста на процесите поврзани со изборите.

Целиот процес го следеа недоследности и комични ситуации. На самиот почеток, медиумите, граѓанските новинари и набљудувачите на ЦИВИЛ изнесоа сомнежи дека таа бројка вклучува и лица за кои нема основи да се наоѓаат на листата на сомнителните. Понатаму, ЦИВИЛ откри низа случаи на фантомски гласачи кои, пак, не се најдоа на листата на сомнителни.

Дури и уредникот на ЦИВИЛ Медиа се најде на листата на сомнителните, откако претходно самиот пријави фантоми на својата адреса. Одговорот на ДИК беше едноставен – го ставија на листата на сомнителни, па заедно со фантомите, го поканија и него да ја докажува својата легитимност како гласач.

ЦИВИЛ се обиде да помогне на различни начини, преку укажувања, објава на индикативни случаи и експертизи, како и преку директни обраќања. Освен во неколку неформални контакти без епилог од кој може да се научи или заклучи било што, Државната изборна комисија не го удостои ЦИВИЛ со одговор.

Јавноста треба да ја знае вистината за ревизијата на Избирачкиот список. Државната изборна комисија мора да излезе со сериозен извештај пред граѓанките и граѓаните на Република Македонија.

До ДИК испративме неколку прашања кои до денешен ден останаа без одговор. ДИК ја прашавме каков ефект очекуваат од кампањата за јакнење на јавната свест за регистрирање на граѓанките и граѓаните кои се најдоа на листата од 39,502 сомнителни гласачи. Кампањата започна со задоцнување и откако стана очигледно дека темпото на пријавување е бавно. Притоа, само еден дел од проблемот беше тоа што, на пример, не беа познати локациите на подрачните единици на Министерството за правда, а некои беа нефункционални, според пријавите до ЦИВИЛ.

Ги поставивме легитимните прашања зошто се доцни со кампањата, но и колку чини таа, како се спроведува и според која процедура се обезбеди таа кампања. Одговор на овие прашања сѐ уште нема.

Исто така, јавноста до сега не доби одговор ни на прашањата каде и на кој начин се дистрибуираше пораката односно повикот за регистрација од ДИК и дали сето тоа беше достапно за сите заедници кои живеат во Македонија.

Уште поважни се прашањата за тоа дали ДИК ја искористи предвидената законска можност по службена должност да врши запишување, дополнување и бришење на граѓаните од Избирачкиот список, а врз основа на податоците од матичните книги, евиденцијата за живеалиште и за државјанство, други евиденции и со непосредно проверување на граѓаните?

Во тој контекст, дали ДИК побара и, доколку побара, дали доби ажурирани евиденции од надлежните органи со цел да извршат проверка на Избирачкиот список? Ако не добиле ажурирани евиденции, каква беше реакцијата и како ДИК ја оценува својата работа без таквите податоци?

Ова се само неколку од прашањата на кои ДИК не даде одговор до сега, а уште повеќе прашања следат.

Се надеваме дека некој во ДИК знае дека на овие и слични прашања не може да нема одговор. Некаде мора да се пресече и да се застане на патот на нетранспарентното и неодговорното работење на институциите.

Членовите на ДИК не одговараат пред своите партиски лидери, туку пред законот и пред граѓаните на Република Македонија!

ЦИВИЛ нема намера да се конфронтира со најрелевантната институција која има обврска да обезбеди услови за слободни избори, но ни оддалеку не може да си дозволи да ги премолчи прашањата и барањата за функционирање на институциите во согласност со Уставот, законите и меѓународното право.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки списокизбориманипулацииЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ