• Latest
Премиерот на Албанија, Еди Рама (фото извор: ФБ профил на Еди Рама)

Советникот на Еди Рама, Ендри Фуга за ЦивилМедиа: Средба во Тирана ќе има, но нема некој посебен план или агенда

January 9, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Советникот на Еди Рама, Ендри Фуга за ЦивилМедиа: Средба во Тирана ќе има, но нема некој посебен план или агенда

January 9, 2023 16:14
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Премиерот на Албанија, Еди Рама (фото извор: ФБ профил на Еди Рама)

Премиерот на Албанија, Еди Рама (фото извор: ФБ профил на Еди Рама)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Република Албанија Еди Рама ги покани лидерите на албанските партии во Северна Македонија на неформална средба, која ќе се одржи утре. Редакцијата ЦивилМедиа разговараше по телефон со Ендри Фуга, шеф на ПР тимот на премиерот на Албанија, Еди Рама и негов советник. На Фуга му поставивме прашања за карактерот на средбата и кои се очекувањата од неа.

Во разговорот, Фуга го потврди настанот.

„Да, средба во Тирана ќе има, договорена е, но нема некој посебен план или агенда. Тоа е само една обична, неформална средба, нормална консултација”, изјави Фуга за ЦивилМедиа.

Сепак, како што дознаваме од разговорот, се подразбира дека постојат низа прашања на кои може да се разговара. Опсегот на прашањата за кои се очекува дека ќе стане збор на средбата е широк – перспективите на интегративните процеси, уставните промени во РСМ и нивната поддршка од албанските партии, тензиите меѓу Србија и Косово, ситуацијата во регионот и други теми.

Како што е познато, сите албански партии потврдија дека имаат добиено покана за учество, но од партијата Движење БЕСА изјавија дека нема да учествуваат, затоа што, како што соопштија, не можат да седнат на иста маса со Али Ахмети.

„Како движење БЕСА немаме ниту една дилема во однос на чистата намера на премиерот на Албанија, за тоа што се интересира за политичката ситуација во Република Северна Македонија. Нашата грижа како Движење е со ДУИ и Али Ахмети со неговите игри и трикови во врска со овие средби, бидејќи секогаш кога има проблеми во својата партија злоупотребува вакво нешто, затоа ние позитивно одговараме на поканата на премиерот без да сметаме дека е разумно да седнеме со ДУИ и Али Ахмет на маса“, напиша на Фејсбук Фарук Авдиу од Беса.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, по повод утрешната средба на лидерите на албанските политички партии од земјава во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека се работи за новогодишна средба. Тој рече дека тоа е средба на премиерот на Албанија со лидери на политички партии, чија цел има размена на мислења во однос на регионот, очекувањата во новата година и желби и пораки за подобра соработка во текот на 2023 година. И Османи, како и Фуга, потврди дека нема некоја посебно подготвена агенда за што ќе се разговара.

На средбата во вторник, на 10 јануари, во Тирана се поканети лидерите на ДУИ – Али Ахмети, на Алијансата за Албанците – Арбен Таравари, на Движењето Беса – Билал Касами, на Алтернатива – Африм Гаши и на ДПА – Мендух Тачи.

Во јануари 2017 година, додека земјата беше во длабока политичка криза, албанските партии од Северна Македонија, на средба кај премиерот на Албанија, потпишаа документ наречен „Заедничка декларација на албанските политички партии во Република Македонија“, која имаше за цел заштита на интересите на албанското население во земјата и унапредување на правата, паралелно со заложбата за зајакнување на евроатлантскиот пат на земјата.

Потпишувањето на Декларацијата го искористија политичките партии на власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Дел од националистичката кампања беше и тогашниот претседател Ѓорге Иванов кој своевремено одржа прес-конференција и побара САД, НАТО и Турција да ја отфрлат оваа Декларација бидејќи е подготвена во странска држава. Тој ја искористи ситуацијата за најде изговор да одбие да му го додели мандатот на тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. Во меѓувреме, политичките тензии беа пренесени низ улиците каде симпатизерите на ВМРО протестираа против, како што ја нарекоа, „Тиранска платформа“.

Назми Абдурахмани

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али АхметиАрбен ТаравариАфрим ГашиБилал КасамиЕди РамаМендух Тачи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result