• Latest

Лидерите на партиите на Албанците на средба со Рама во Тирана

January 10, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерите на партиите на Албанците на средба со Рама во Тирана

January 10, 2023 08:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава денеска се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека денешниот состанок во Тирана е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања во регионот и посакување успех во годината што е пред нас и апелираше да не се создава „некаква конспирација“ во врска со неа.

Според Османи, за средбата нема однапред предвидена агенда за која што ќе се разговара и таа ќе претставува можност за комуницирање и размена на идеи, информации и ставови за добробит на регионот и на Северна Македонија и Албанија.

– Можам да кажам дека премиерот на Албанија е докажан пријател на Република Северна Македонија, посебно тоа го докажа во текот на овие години и месеци преговори со Република Бугарија, кога буквално некогаш на сметка и на интересите на Албанија, ги кажуваше позициите и на Република Северна Македонија во тој дел. Навистина не сметам дека треба да се создаде некаква конспирација по однос на овие средби, рече Османи.

Пратеникот од Движењето Беса, Фадил Зендели вчера изјави дека неговата партија добила покана за средбата, но рече дека тие нема да присуствуваат на неа. Тој оцени дека оваа средба е во полза на ДУИ и дека секогаш кога оваа партија има внатрешни проблеми се одржуваат вакви средби во Тирана.

– Ние имаме покана од премиерот на Албанија за утрешната средба. Централното претседателство одлучи дека ние сме спремни да соработуваме со Република Албанија и со премиерот Рама, но како политичка партија Движење Беса не сме спремни да седнеме на иста маса со ДУИ. Во овој момент на ДУИ му е потребна средба во Тирана. Не гледаме дека на некој друг му е потребна таква средба. ДУИ има интерес од една таква средба како што тоа го злоупотреби во 2017 година за свои цели. Секогаш кога имаат свои внатрешни проблеми со свои внатрешни противници, (ДУИ) бараат помош од регионот. Не гледаме дека сега треба да им излеземе на помош, рече Зендели.

Тој потенцира дека кога политичките партии на Албанците барале да седнат на маса да се договорат за некои прашања, лидерот на ДУИ никогаш не бил подготвен да зборува со нив, дури, како што рече, во некои медиуми ги има навредувано.

– Ако сме ние злобници, тогаш не гледаме никаква причина да седнеме со него на иста маса кога нему му е потребно, истакна пратеникот на Беса, додавајќи дека ќе имаат средба со премиерот на Албанија, но не кога тоа е само во интерес на ДУИ.

Од Алтернатива и Алијанса за Албанците за МИА потврдија дека добиле покана за средбата и дека ќе одат на неа, без да прецизираат детали.

– Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од Алтернатива потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

Средба од ист ваков формат со Али Ахмети, Зијадин Села и Биљал Касами, албанскиот премиер  организираше на 29 декември 2016 година во Тирана, од која произлезе заедничката Декларација на албанските политички партии за зачувување на интересите на Албанците. Таа предвидуваше „целосна јазична еднаквост“, вклучувајќи го статусот на албанскиот јазик во Уставот, еднаков регионален развој, меѓународни комисии за „целосно расчистување на судските монтирани случаи“, како и „сеопфатна дебата за државното знаме, химна и грбот на начин на кој што државните симболи ќа ја рефлектираат социјалната мултиетничност и еднаквост“. Лидерите потписници на Декларацијата се заложија и дека ќе ја продолжат работата за да ги остварат овие обврски.

Последната средба на партиите потписнички на заедничката Декларација се одржа во јули 2017 година. По неа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, свика уште една средба, но таа беше бојкотирана од другите лидери поради неговата јавна изјава дека „не седнува со никаквеци“. Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами имаше уште еден обид да ги седне заедно лидерите на албанските партии на 7 ноември минатата година за да разговараат за измени на Амандманот 5 во Уставот со кој би се сменила формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, но неговиот обид заврши безуспешно.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Алијанса за АлбанцитеалтернативаБесаДУИЕди Рамаполитички партиисредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result