• Latest

(2023) Сценарио 8/8: Година на просперитет и единство

January 16, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(2023) Сценарио 8/8: Година на просперитет и единство

Последно од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија.

January 16, 2023 22:44
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Линк до СЦЕНАРИО 1/8 | Линк до СЦЕНАРИО 2/8 | Линк до СЦЕНАРИО 3/8 | Линк до СЦЕНАРИО 4/8 | Линк до СЦЕНАРИО 5/8 | Линк до СЦЕНАРИО 6/8 | Линк до СЦЕНАРИО 7/8

Би требало човек да биде многу циничен за да оцени дека нема спас и дека само црните сценарија се во игра. Нашата земја не е осамен остров, а веќе неколку години, не само што не е изолирана, како во времето на режимот, туку е и респектабилна држава со одговорни лидери во сите сектори – политичкиот, граѓанскиот, научниот, безбедносниот, економскиот и културниот. Навистина, не секогаш прогресивните идеи и политики ја добиваат заслужената максимална предност, но и тоа што се работи и постигнува е секако над неопходниот минимум за да се очекува позитивен развој на настаните.

Ова е сценариото за добра 2023 година.

ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ, НАДМИНУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО

Нашата земја останува земја лидер во регионот на Западен Балкан во процесите за подобрување на меѓусоседските односи и економската соработка. Албанскиот премиер, Еди Рама, постапува мудро и воздржано и заедно со македонското политичко раководство и дел од граѓанското општество и медиумите, даваат решавачки придонес кон надминувањето на тензиите меѓу Србија и Косово.

Северна Македонија, Албанија, европската и американската дипломатија успеваат да им помогнат на двете земји да започнат процес на чиј крај се гледаат решенија, а не конфликт. Меѓу другото, тоа подразбира и започнување на процесот за меѓусебното признавање на Србија и Косово. Тоа е голем успех за македонската политика, кој не останува незабележан во регионот и во светски рамки.

Наспроти националистичкиот популизам присутен насекаде во регионот, водечките политичари во земјава и во дел од нашето опкружување, разбираат дека просперитетен, стабилен и безбеден регион значи подобар живот и за македонските граѓанки и граѓани. Заеднички, прогресивните политички елити им даваат силен импулс на позитивните промени во регионот.

АКТИВИРАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНИОТ ДЕЛ ОД ОПШТЕСТВОТО

Европските и светските кризи продолжуваат и во 2023 година, што се користи како претекст за деструктивно дејствување на радикализираните националисти и популисти насекаде во светот, па така и во регионот и во Северна Македонија.

Сепак, со помош на САД и ЕУ, земјава успева да ги надмине најголемите предизвици во 2023 година. Владата и институциите продолжуваат со справување со кризните состојби. Не се идеални, но видливи се резултатите од борбата со сиромаштијата, одбраната од хибридните напади, борбата против тероризмот, дезинформациите…

Конечно, забележливо е активирањето на значителен број прогресивни интелектуалци, експерти, медиуми и невладини организации во поддршка на демократските процеси и стратешките интереси на државата. Прогресивниот дел од општеството ја презема одговорноста да ја турка земјата напред, кон Европа.

СЕ РАЗГОРУВА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Со силна поддршка од американската администрација, се разгорува борбата против корупцијата и зајакнувањето на институциите во земјата. Судството, иако останува една од најслабите алки во системот, успева да собере сили и да го започне долгоочекуваниот процес на извлекување од корупциската мрежа и политичките влијанија. Неколку обвинители и судии завршуваат во притвор.

ЗЕМЈОТРЕС ВО МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР

Се менуваат многу нешта и во медиумскиот простор. Поточно, се случува серија од земјотреси во медиумскиот простор.

АВМУ и МРТВ се погодени од откритија на серија скандали и афери, по што следат оставки, избори и сериозни реформи. Се покренуваат и истражни постапки за злоупотреби на јавните пари во медиумите за политичко-пропагандни и коруптивни цели.

И во саморегулаторните тела се случуваат потреси, но таму работите ќе бидат уште позаплеткани, а состојбите во македонското новинарство, иако подобрени, остануваат предизвик и во 2023 година.

МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО МОЖЕ ДА СЕ ОБЕДИНИ

Се надминуваат и силните несогласувања во редовите на владејачките партии кои, кон крајот на 2022 и почетокот на 2023 година, најдоа одгласи во сензационалистички медиуми и сејачи на дезинформации и пропаганда. На иницијатива на прогресивните интелектуалци и дел од граѓанското општество, започнуваат разговори за усогласување на разликите, што резултира со уште поцврсто политичко обединување на прогресивните сили во земјата.

Во 2023 година, станува сѐ поочигледно дека македонското општество може да се обедини околу евроатлантската иднина на земјата, мултикултурализмот и почитувањето на европските вредности и човековите права, како единствена можност за обезбедување подобар живот во земјава. Започнува и силен отпор против антидемократската и ултранационалистичка пропаганда која ја поддржуваат центрите на моќта на оската која започнува во Кремљ, а во широк лак завршува во Белград.

ОТВОРЕН БАЛКАН ПРОДОЛЖУВА ДА ДАВА РЕЗУЛТАТИ

Отворен Балкан, и покрај големите предизвици што ги наметнуваат тензичните односи меѓу Србија и Косово, иницијативата продолжува да дава извонредни резултати во економијата, трговската размена, пазарот на трудот, туризмот и низа други области.

По блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја става на дневен ред ратификацијата на преостанатите спогодби, меѓу другото, и за слободен пристап на пазарот на трудот.

УСТАВНИ ПРОМЕНИ

Во 2023 година, Бугарите, Хрватите, Црногорците, Евреите и Египќаните влегуваат во Уставот. На гласањето му претходат силни обиди на радикалната националистичка опозиција да го прикажат овој процес како предавнички и штетен за македонскиот идентитет. По привидот дека се успешни во првиот бран од кампањата, што се должи на помошта од антизападните центри на моќта од надвор и пропагандните гласила во земјата, ја губат јавната поддршка.

На Груевски и Мицкоски им откажуваат послушност повеќе пратенички и пратеници отколку што е потребно да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието. Автопатот кон ЕУ станува уште поширок и поосветлен од кога и да е порано.

РУСКИ ПАСОШ

На крајот од 2023 година, Северна Македонија зад себе остава година на силни предизвици од кои излегува како стабилна, просперитетна, демократска, европска земја кон која соседите и државите во светот гледаат со почит.

Во последните денови од декември 2023 година, во дел од медиумите се појавува фотографија од лик под качулка, за која се тврди дека е Апасиев како излегува од руска амбасада. Со црвено е заокружен дел од фотографијата во кој се гледа дека во рацете држи руски пасош. Тој ги негира наводите, тврдејќи дека е монтажа од некоја од сѐ побројните фирми за информатички технологии и развој на вештачката интелигенција, сектор во земјата што, исто така, силно се развива во 2023 година. На социјалните мрежи се појавуваат тврдења дека само го обновил пасошот. Руската амбасада во Скопје одбива да коментира.


Ова е последното од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада
(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо
(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата
(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа
(2023) Сценарио 5/8: Враќање на Груевски
(2023) Сценарио 6/8: Пад на проевропската влада во Северна Македонија
(2023) Сценарио 7/8: Северна Македонија се извлекува. За влакно.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: единствооптимизамреформиуставни промени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ