• Latest
Војо Маневски

Избирање/Одбирање

January 19, 2023

Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

April 28, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Избирање/Одбирање

January 19, 2023 09:04
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

 ВОЈО МАНЕВСКИ             

Што е тоа што како дамоклов меч ни виси на сите над главата од раѓањето, па да судниот ден? Божјата промисла, некаква предестинираност на човечката судбина? Одговорот е лесен ако се прифати теолошкото објаснување – на човекот не му е дадено тоа да го знае. Но, бидејќи агностицизмот е сепак дел од природата на човечкото битие, јас како скромен примерок на тој род се мачам да ги разлачам поимите и термините во нивната секојдневна употреба.

Така заклучив дека целиот мој таканаречен живот го поминав во некаков процес на избирање. Те во кое училиште да одам, те каква професија да изберам, те кому својата доверба да му ја дадам или кому својата душа да му ја доверам. Дури сега кога го изминав најголемиот дел од „писанието“ разбирам дека не е проблемот во избирањето, туку во одбирањето. Изборот може да е голем, како во продавница на изложбен штанд, ама одбирањето значи носење на одговорност за тоа што си го избрал.

Сето ова како вовед во темата за која сакам да заземам став и да го испорачам моето скромно мислење.

Како држава и заедница постојано сме под некаков притисок од избори. Имам впечаток дека сѐ во нашето политичко живеење е само некаков интервал меѓу изборите за претставници во локалната или централната власт. Толку ни стана тоа дел од живеењето што без избори веќе и не знаеме за што да разговараме.

Опозицијата постојано бара предвремени избори и тоа го поврзува со секоја актуелна тема, обвинувајќи ја власта за тотален распад на системот. Според теоријата и праксата тоа е работа на политичка партија кога е во опозиција. Тие бараат избори, а кога ќе ги има, одлучува оној што во дадент момент ја има власта т.е. мнозинството во избраниот парламент. Изборите ги спроведува ДИК. Сѐ ова им е познато на  граѓаните.

Јас овој пат ќе се обидам да ги претставам дилемите на избирачите, на оние обични граѓани што се мачат меѓу изборите и одбирањето на оние што треба да ги претставуваат и да работат во нивно име и за нивна сметка, надевајќи се дека нешто на подобро ќе се смени во државата.

Да бидам појасен во светот на денешните вредносни параметри.

Дилемата дали нѝ се потребни предвремени избори е исто како да се двоумиме меѓу одењето во гранапче и шопингот. Во гранапче се оди кога нешто од куќните продукти е нужно потребно и да се дополнат потребните залихи, за да може следните денови да функционира заедницата. Сето е во склад со домаќински изготвен план за следниот период околу потребите од прв или втор приоритет. На шопинг се оди со неодредена намера што и колку да се купи, со пригодна тоалета што значи дека освен што треба да се види понудата, треба и да се биде виден на местото на одбирањето на  продуктите. Купувањето не е задолжително. Разликата е во нужноста на потребите и задоволството во купувањето на нешто што можеби и не е нужно во дадениот момент. Отприлика како меѓу должноста и задоволувањето на општествената претстава за себе пред околината.

Е сегa, мојата дилема е, кога сакам да го преставам моето мислење за тоа, дали ни се отребни предвремени избори во годината која штотуку ја започнавме. Доколку сакаме да бидеме домаќини и одговорни, предвремени избори не нѝ се потребни и околу таа тема ќе ги посочам моите размислувања. Доколку сакаме шопинг избори каде ќе избереме и она што не го сакаме со ризик да купиме на кредит нешто што не ни е потребно а за тоа не сѐ потребни аргументи, туку само препуштање на нашата навика да не се мешаме во работите кои се однесуваат на нашата сегашност и иднина.Останува само да си го пополниме времето на денот на изборите. Квалитетот на одбирањето не е важен.

Да почнеме од првото правило за одење на политичкиот пазар.

Ни недостасува ли продукт од потребниот вид и квалитет? Досегашните искуства покажуват дека крупен исчекор во понудата од страна на политичките партии нема. Во идеолошка смисла за некакви вредносни системи тешко и дека може да се разговара кога партиите своите идеолошки постулати ги заменија со прагматични П.Р. флоскули.

Програмските определби важат само додека се преземе одредено министерство или цела влада, а потоа инерцијата на власта и гломазната администрација ги израмнува со постапките на претходните носители на власт. Тогаш на преден план испливуваат партиските и некои други интереси, а програмските ветувања чекаат на ред од „поитните“ потреби. Ова е и една од причините за постепено претворање на партиите во некој облик на акционерски здруженија во кои напредувањето зависи од внатрепартиските кадровски борби, а не од способноса за донесување на нови пилитички идеи и спремност за нивна реализација, пред сѐ за стабилизација и развој на државата. Единствено со ова може да се објасни како до општествени положби доаѓаат личнсти за кои пошироката јавност никогаш ни не слушнала.

Ќе има ли економијата некаква корист од предвремените избори? Според сите досегашни искуства, два изборни циклуси (коишто нѐ очекуваат до крајот на јуни идната година) за околу година и пол ќе доведе до непотребен застој. Пред сѐ тоа ќе биде поради положбата на самиот државен апарат кој е истовремено најголем работодавач и најголем инвеститор.

Ќе нема редовни постапки за тендери од кои живеат не мал број комании и ќе се префрли постапката во низа на сомнителни законски импровизации, што дополнително ќе ја вжештат атмосферата обременета со постојани податоци и сомнежи за корупција. Реформите во економијата се нужни, но тие како фундамент на опстојувањето бараат поголемо единство и подолг рок од еден мандат а пред се општ консензус.

Решенијата од избори до избори, а многу често и кратење на мандатите со предвремени избори и нѐ доведе до намалена можност за издржано планирање и кај институциите задолжени за тоа, но пред сѐ кај компаниите кои мора да имаат предвидливост заради турболенциите на светскиот пазар кој е  немислосрден и често само државната помош може да им помогне на домашните компании да опстанат. Тоа е веќе прифатена макроекономска постапка кај малите економии и покрај повиците за слободен и еднаков пазар што го бараат посилните економии, поточно нивните моќни компании. Ако се земат предвид економските приоритети, во овој момент избори не нѝ се потребни.

Состојбата во општествто, како основа за постоење на државата како негова политичка рамка, дополнително не одат во прилог на одлуката за предвремени избори. Ковид пандемијата го истенчи трпението, економската криза го преполови буџетот на граѓаните, а начинот на кој ја водат меѓусебната борба партиите, дополнитено ги зголемува поделбите во општеството. Поделбите по разни основи и беспоштедната политичка борба меѓу партиите може да доведе до несакани последици кои ќе ги намалат надежите за иднина и бранот на иселување ќе се зголеми. Во овој момент не гледам политички субјект кој ќе понуди какво такво единство како услов за решавање на натрупаните проблеми.

Реформите во државниот апарат и тоа во најголем дел од неговите веќе атрофирани делови ќе се оддолжи за некои идни времиња и тоа во потполност ќе зависи од процесот на преговарање со Европа, и ако тој процес се одложи на подолг период ќе дојдеме во невозможна состојба кога ниту бриселските бирократи нема да можат да ни помогнат зошто ќе нема внатрешни сили за реформи.

Надворешната политика ќе стане најголем дел од политичката кампања и по сѐ изгледа ќе биде закитена со атрибути од типот на предавници, неодговорници,криминалци и сл. Граѓаните ќе бидат заглушувани од квазипатротски изливи на егзалтирани кандидати, а на крајот сѐ ќе се сведе на тоа – кој и кога ќе ги направи уставните измени и ќе го започне дружењето со европските бирократи и преставници на влади и држави.

Можам да ги редам аргументите за тоа дека не нѝ се потребни предвремени избори и тоа по било која било тема од општественото живеење, ама не е тоа задача на оние што имаат шанса на другите да им ги пренесат своите мислења и идеи, треба и да потикнат донесување на решенија

Да се разбереме јас не велам дека кај нас тече мед и млеко и дека затоа не се потребни предвремени избори.Но ако веќе  во моментот не ни е поребна било каква неизвесност и констатирам дека не нѝ се потребни ниту предвремени избори, тогаш е чесно да предложам што мислам дека нѝ е потребно да направиме во следната година и пол, па потоа да направиме не само избори туку и да ги одбереме оние на кои ќе им ја пренесеме сувереноста, која само граѓаните ја поседуваат во секоја држава која сака да ја носи придавката – демократска.

Прво: Министерството за правда во демократска дебата и постапка да предложи нов закон за политички партии кој ќе биде израз на состојбите во политичкиот живот и специфичното искуство кај нас во практикувањето на паламентарната демократија. Одредбите во тој закон мора да ги принудат партиите на поголема демократичност, но и практикување на можност за поголем хоризонтален и вертикален проток на кадри. Поголема демократичност и можност прекршувањето на основните акти на партијата да бидат санкционирани во судска постапка пред надлежен суд. Знам дека теоретичарите веднаш ќе скокнат со констатации дека слободата на здружувањето не смее да се ограничува, ама ќе ги замолам да најдат решенија за состојбите кога демократијата станува лидерска автократија, а државата е зафатена од партиска самовлада. Демократијата кај нас е како дете на кое треба да му се помогне да застане на нозе и да дојде до сигурен од.Таквиот закон со што е можно поголем консензус да се донесе во наредниот период.

Во претстојниот период да се донесе нов изборен закон и тоа со широка дебата во која не смеат да учествуваат само политичките партии зошто по дефиниција ќе си ги вградат пред сѐ своите интереси (посебно трите големи партии). Граѓанските здруженија, дваесеттината правни факултети, академијата и други високошколски установи еднаш веќе мора да го потврдат својот субјективитет и да исчекорат од состојбата на издавачи на дипломи во активни чинители во општествените текови и конечно да станат и наука и практика. Граѓаните не смеат да останат потврдувачи на изборните листи, туку да бидат активни чинители во распоредот на тие листи. Тоа значи да се усвои некој од моделите што го овозможува тоа.

Во наредниот период политичките партии да ги искристилизираат своите ставови по прашањата на внатрешната безбедност и стабилност, борбата со корупцијата како непријател на врвот од опасностите. Ставовите за големите општествени и државни системи кои се во незавидна состојба како што се образованието,здравството, државната администрација, правосудниот сектор, културата, финасирање на спортот како физичка култура и другите сектори. Надворешната политика и ставовите за нејзиното водење, треба еднаш да бидат јасно формулирани, а не постојано да се сокриваат зад истенчените флоскули за европската оријентација и добрососедските односи.

Добар дел во дебатата мора да се искористи во изнесување на определби за водењето на економските политики во светло на новите тенденции на светските пазари. Реиндустријализацијата на државата како одржлив концепт што вклучува повеќе сектори, производството на храна, енергетска политика на среден и долг рок како и јасни ставови за надмнување на задолженоста и динамиката на идните задолжувања, наместо подигањето на процентот од зафаќањето од БДП како кредитна изложеност.

Има низа на ставови по многу важни прашања за кои партиите треба да се произнесат уште во овој период, а во кампањата да ги изложат методите и постапките преку кои ќе ги реализираат овие прокламирани политики.

Имаме време од година и пол како граѓани да бараме ваква дебата и законски решенија и во неа мораме да се вкучиме во што поголем број за да ги вградиме и нашите интереси како граѓани, а не само како поданици на власта која самите по инерција ја бираме, а од неа уште во почетокот на мандатот сме незадоволни и го сееме дефетизмот по социјалните мрежи.

За добри избори од кои ќе произлезат одбрани преставници нѝ е потребен период на подготвување на истите, бидејќи овие следните не смеат да бидат обична смена на едните со другите, а при тоа новите да се исто така безидејни и безлични како претходните. Ако не ја искористиме оваа шанса и овој период, никој нема да ни е крив што шансата ќе ја искористат разни партиски апаратчици кои и постојат заради тоа и таквите шанси за етаблирање и заработка им ја дава инертноста на граѓаните. Малку повеќе храброст и одговорност овој пат е нужна зошто разните темни облаци се надвиснуваат и над државата и над нас како граѓани, а торбите за еднократно патување во странство сѐ повеќе ќе се полнат  се додека ќе има кој да ги носи. Ако ја пропуштиме оваа шанса можеме да правиме потоа редовни и вонредни избори секои шест месеци, само ќе нема ниту кого да избираме, а ќе нема и кој да бира. Што ќе одбереме денес тоа ќе биде нашиот избор. За избори секогаш има време за одбирање се потребни услови за избор.

Tags: изборикоментариодбирањеполитички пазар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лажги

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ