• Latest
Војо Маневски

Правосудни состојанија

February 2, 2023
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Правосудни состојанија

February 2, 2023 09:30
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Луѓето отсекогаш делеле нешто меѓу себе и она што го создале и она што го добиле или освоиле. Тешко е да се дели имот, материјалните добра кога ги има за делба, бидејќи луѓето едноставно не се еднакви, немаат исти потреби, реални или како производ на нивните карактерни особини. Но, најтешко е да се дели сиромаштијата и кога има сѐ помалку што да се дели. Тогаш во човечкото битие почнуваат да преовладуваат инстиктите.

Организираните човечки заедници имаат правила врз кои се уредуваат односите меѓу членовите на заедницата. Тогаш започнува делењето според тие правила кои не секогаш се создадени за да ги направат единките рамноправни. Оние органи и нивните членови кои според таквите правила ја делат правдата како законски израз, а не некаква измислена категорија во која е вградена чесноста и добрите намери се нарекуваат судови.

Судовите имаат судии кои не делат правда, туку правораздаваат според законот кој го донесуваат законодавните органи на државата. Често знаеме како граѓани да се лутиме на поделената правда од судовите, а заборававме дека тие правораздаваат, значи делат права и обврски според законот.

Сево ова е некако наивно и изгледа како кога на децата треба да им објасниш што е правосудство и од кои органи е составено но интелектуалните квилибристики им ги оставам на експертите. Доброто функционирање на судовите и нивното правораздавање е вистинската слика на состојбите во државата а последиците од тоа функционирање се чувствуваат во сите сегменти на државата. Кога правосудството во целина не функционира и е нарушена довербата во него целата држава влегува во состојба на несигурност и некакава флуидна состојба кога се нарушени двата столба што го оправдуваат нејзиното постоење – одговорноста и сигурноста на секој поединец пред законите и органите на таа држава.

Сето ова ми се моташе низ главата како некаква подготовка за да го оправдам разговорот што деновиве го водев со неколку судии од различна возраст и статус.

Тоа што нема да ги напишам имињата на судиите е уште една од сликите за судството какво што е денес во Македонија.

За обвинителството сега нема да пишувам затоа што иако како орган е дел од правосудните органи на државата сепак неговото место утврдено со устав и закон е битно поинакво од местото на судството. Судството е независен орган, а обвинителството е самостоен орган на државата.

Во многу држави во Европа тие два органи не се во истата зграда, а дури и контактите меѓу судиите и обвинителите се сведуваат само на службени консултации за постапките врз предметите за кои се суди. Кај нас како рефлексија на идеолошките постулати за единство на власта од поранешниот систем сѐ уште претставата за судија и обвинител е слична и сите ги сместуваме во ист орган асоцирани од заедничката зграда каде функционираат.

Со измените за законот за јавните обвинителства положбата на обвинителството требаше битно да се измени и да се зајакне неговата работа со истражните органи во целиот процес на истрага околу претпоставените прекршоци на законот. Колку од тоа заживеа просудете сами, а на располагање ви сѐ разни ранг листи од меѓународни организации кои се занимаваат со мониторинг над работата на обвинителствата. Важна е и преставата за работата на овој витален орган на државата која кај нас е на најниски гранки од независноста.

Има разни анализи за ваквите состојби, но тие се вртат околу недоволната екипираност, слабиот кадар кој треба да работи и врз најкомпликувани предмети, како и разурнувачкиот сомнеж за партиската поврзаност на обвинителите и нивната корумпираност. Но, за обвинителството во некоја идна колумна и како заклучок од разговорот со некои од обвинителите што ќе го направам во наредниот период.

Во судовите денес има три категории на судии според времето кога завршиле правен факултет и станале судии. Оние што се родени некаде до седумдесеттите години на минатиот век веќе се пред пензија и низ разговорот со нив преовладува рамнодушност кон состојбите и веќе преовладува безнадежност дека нешто ќе се смени додека тие ја носат тогата на судии.

Имињата на правните авторитети од времињата до пред крајот на минатиот век често ги спомнуваат и глорификуваат. Скоро неподелено е мислењето меѓу нив дека знаењето на помладите колеги не е на потребното ниво и  реформите во судството можат да се направат само ако се засилат критериумите за запишување и завршување на правните судии, а за Академијата од која треба да произлезат нивните нови колеги што треба да ги замената најчесто само одмавнуваат со рацете со констатација дека и таквата Академија само ќе произведе неискусни кадри кои ќе се вклопат во општото сивило на состојбите. За платите не зборуваат зошто и за нив пред пензија и не се на прво место, ама се лутат кога човек го спомене податокот дека најчесто и нивните синови и ќерки се правници кои се гледаат во секторот правосудство.

Е каде не е така, ај ти кажи?! Лекарите имаат деца што стануваат лекари, политичарите веднаш ги вклучуваат своите деца во политичките води, а зошто нашите деца да не бидат правници. Знам дека тоа звучи како предавање на занает од генерација на генерација, ама тоа не би било проблем ако не се во исти судови или на исти предмети?

Законот ги забранува таквите состојби кога членови на семејство се вклучени во ист предмет, ми објаснува со законска и правна логика мојот пријател судија, заборавајќи дека таа логика веќе одамна ја изгуби довербата на граѓаните. Констатација која преовладува е дека преголем дел од потомците на судиите и обвинителите се вработени во државните органи, а пречесто во институциите на правосудниот систем и тоа од разни комисии во Министерството за правда и Владата до адвокатски канцеларии или обвинителства. Нашиот народ тоа го смета за привилегија на луѓето од правосудството .

Од оваа генерација на судии тешко дека ќе може да се очекува некаква заложба за реформи во правосудството и воопшто во државата. Тие и не се подготвени на промени сега кога се пред крај на кариерата иако се нјмалку засегнати.

Во основните и апелациските судии најголем број на судии се на возраст од околу 50 години. Некако зафатиле од инерцијата на стариот правен факултет, па кај нив се чувствува теоретско знаење кое беше вредност кај правниците скоро половина век. Тие не се од Академијата за судии и обвинители и својот работен век го започнале како стручни соработници во основните судови. Некаква партиска определеност кај нив е повеќе одлика на времето во кое се формирале како личности, па и судии, а помалку како некаков вредносен систем.

Разговарав со еден од судиите од таа генерација минатата недела и како впечаток од разговорот ми остана редицата на вкоричени предлози и донесени стратегии за реформи во правосудтсвото што се наредени во неговата канцеларија. Има на тие корици напишани години од деведесеттите а посебно се видливи оние стратегии донесени 2014 година, 2017 година или оние стратегии и документи чија важност требаше да заврши на крајот на минатата година. Воочливо е што сите тие стратегии се со слични некакви коси линии на кориците со бои на виножито и убаво спакувани со предлози и рокови на извршување. Пет точки со законодавни активности, три точки вклучување на јавноста, операционализација на реформите и слични делови има во тие стратегиски документи.

– Како да се некакви семинарски работи на невладини организации кои нѐ преплавуваат последните децении, искоментирав.

– Не, не тоа се документи кои никој ниту ги чита, ниту ги проучува зошто се донесуваат само за да се донесат. Бла ,бла, бла стратегии кои не се придружени со активности. Нема напредок ако не се направи селекција меѓу судиите според критериум кој е јасно разбирлив. Ние донесеме критериуми, па после  сите гледаме да ги заобиколиме. Знаеш ли дека има работи кои не се мерливи и секаде на светот се оставени на проценката на судијата во оценување на доказите и редот на фактите. Е тука да речеме дека има можност за слабост во моралот на судииите и ако има такви намери или грешки тие ќе бидат воочени од повисоките судови.

Друго е што слободно можам да ти кажам дека некои колеги ниту минимумот на пресудени предмети не го исполнуваат. Да не зборувам за роковите за пишување пресуди и постојаното гледање на тоа чиј е предметот и дали има некој од политичарите во тој предмет. А сето тоа е тешко да се оценува.

Судиите се избрани доживотно и само Судскиот совет има право да ги оценува. Системот треба да се менува, а не само судиите. Ако се постави систем кој ќе бара ефикасност во водењето на предметите и мал број на поништување на пресудите од повисоките судови и ако тоа се оценува од судскиот совет, па од тоа да произлезе напредување на судиите има шанси да се помрдната работите на подобро, а вака само бла, бла, бла.

Само еднаш да расчистиме со некои основни критериуми. Само најдобрите студенти можат да станат судии и тоа од најдобриот правен факултет, а не од сите 21 правен факултет колку што ги има сега кај нас во државата. Судскиот буџет не се само платите на судиите и тие мора да се надвор од волјата на политичарите. На пример, пет милони евра земаат политичките партии од буџетот, а се здрженија на граѓани. И сите молчат зошто се плашат од политичарите. Судиите мора да се стекнат со независност и меѓу себе да се изборат за авторитет.

Вака и оние од мојата генерација што имаат сѐ уште енергија да бараат некакви промени полека се препуштаат на сивилото и чекаат пензија без преголеми амбиции за напредување. Многу се зборува за ветинг, а никој не објаснува колку тоа ќе трае и дали ќе доведе до нов квалитет. Сите се сложуваме дека добар лекар не се станува преку ноќ и треба искуство и постојана дообразба. Тоа треба да важи и за судиите. Се станува ли добар судија преку ноќ и тоа за неколку години? Јавноста треба да биде вклучена, ама и да биде праведна кон таквите нужности.

Разговаравме уште долго за состојбите во судството, а мој заклучок е дека се насобрала некаква горчина во таа генерација на судии што сѐ уште не се предаваат на состојбите, ама и надежите не им се преголеми.

Последната генерација судии кои се најчесто во основните судови се со наобразба и знаење на јазици, некои и со информатички знаења, но се некако без сопствена самосвест за големината на положбата и функцијата судија. Се обидуваат тенката теоретска подготовка да ја надополнат со фрази на англиски јазик научени од учебници по правни науки од странски професори. Не се плашат од никаква лустрација зошто се нови во системот и се надевааат дека квалификативите за корумпирано и неефикасно судство не се однесува на нив.

Можеби тоа е поради општото мислење дека имаат дебел грб од роднински или политички ментори . Се мрштат на висината на платата зошто во тие генерации тоа е оската околу која се одвиваат сите разговори и се сообразуваат активностите. Кратко речено ,тие се резулатат на ова време и сегашните вредности и правила во државата. Не е добро да ги оценуваме и оцрнуваме уште сега и можеби е најдобро да се почека да видиме како и дали ќе се снајдат со најавените реформи. Ако ништо друго да не ја рушиме надежта дека и оваа држава може да има судски систем кој нема да биде пречка на нејзиниот развој. Ете да покажеме и ние како јавност – bona fides.

Според министерот Маричиќ во наредните месеци ќе ги добиеме резултатите од скринингот на бриселските бирократи за состојбата во правосудството и функционирањаето на правната држава. Како по обичај и таму ќе има и проценки и предлози за идните реформи.Не смееме да заборавиме дека се работи за нашето правосудство кое нам ни треба како витален дел од функционирањето на нашата држава. Нивните препораки се веројатно добронамерни, но реформите ние ќе мора да ги направиме зошто се за нас. Ова е мој скромен допринос со моите согледувања и сознанија, од поумните очекувам повеќе.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: академијаправосудствосудии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ