• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Предложен притвор за сопственикот на порталот „Доказ м“

February 10, 2023

Избори во Бугарија: Радев убедливо води, но политичката криза продолжува

April 19, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Избори во Бугарија: Радев убедливо води, но политичката криза продолжува

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

Предложен притвор за сопственикот на порталот „Доказ м“

February 10, 2023 15:20
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Скопското обвинителство денеска предложи мерка притвор за сопственик на портал, осомничен за четири дела, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

По барање на ОЈО-Скопје, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка синоќа бил извршен претрес во домот каде престојува осомничениот, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

Медиумите објавија синоќа дека по налог на Обвинителството бил извршен претрес во домот на сопственикот на „Доказ м“, Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, при што полицијата одзела компјутери и мобилни телефони, а според објавата на „Фокус“ биле запленети и над 90 илјади евра.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.1 од  КЗ, две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ, соопшти денеска Обвинителството.

Како што појаснува во соопштението притворот е предложен бидејќи на товар на осомничениот му се ставаат повеќе кривични дела сторени од позиција сопственик на интернет портал, преку кој, искористувајќи познанства и релации со различен профил на лица, преземал противправни дејствија во континуитет, што упатува дека ќе ги презема и во иднина доколку не му биде определена мерка притвор и биде оставен да се брани од слобода.

Осомничениот, нагласува Обвинителството, се служел со сопствениот интернет портал, знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица, како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи.

-Дополнителна околност во таа насока е потребата да се заштитат жртвите, кои биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку компјутерски систем и преку интернет порталот на осомничениот. Освен ова, постојат околности и кои очигледно укажуваат на опасност од бегство на осомничениот заради кои исто така јавниот обвинител сметаше дека е неопходна притворска мерка за обезбедување на неговото присуство, нагласува Обвинителството.

Со оглед на широкиот круг на потенцијални жртви од активноста на веб порталот на осомничениот во подолг временски период, ОЈО-Скопје во соопштението охрабрува и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават.​

Медиумите доцна синоќа јавија за претресот во домот на Стаменковски, а денеска Обвинителство пред да информира за предложениот притвор објави и детално соопштение за делата за кои се сомничи, а за кои против него се поднесени кривични пријави од новинарки, телевизија, свештени лица.

Предметот бил оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од ОЈО-Скопје во целиот наведен период презело интензивни истражни дејствија со кои биле обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела.

-Имено, по доставена кривична пријава од една телевизија од 11.02.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејствија и проверки, врз основа на кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од  КЗ. Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината, се вели во соопштението.

На 18 мај 2022 во ОЈО-Скопје била поднесена кривична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г, бидејќи преку веб порталот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. -Во објавените текстови, осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив. Освен навредливи зборови, пцовки и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања, се наведува во соопштението.

На 19 мај 2022 година, против истото лице била поднесена кривична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на истата година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. -Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинари. Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, нагласува Обвинителството.

Кривична пријава поднело и едно оштетено лице до ОЈО-Скопје, според која во периодот од 10 јануари до 2 февруари оваа година осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. -Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан, надлежен јавен обвинител исто така презеде дејствија за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, се наведува во соопштението.

Се додава и дека во наведениот период додека во Обвинителството се водела постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во ОЈО-Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него.

-Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението.

Освен за наведените кривични дела, се појаснува во соопштението, наредбата за претрес била обезбедена и бидејќи постоело сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него била откриена документација, електронски уреди, кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.​

Tags: Доказ ММедиумиОЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ