Контакт групата за одбрана на Украина ќе ја даде поддршката што им ја вети на украинските бранители со цел да напредуваат за време на пролетната контраофанзива, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на отворањето на деветтиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн форматот во Брисел, јавува дописникот на Укринформ.
„Оваа Контакт група јасно стави до знаење дека ќе ја поддржуваме борбата за слобода на Украина на долги патеки – и ќе и помогнеме на Украина да се одржи и да напредува за време на пролетната контраофанзива“, истакна Остин.
Според неговите зборови, со единство и итност, земјите-членки на Контакт групата ќе ја достават поддршката што и ја ветија на Украина.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска се сретна со министерот за одбрана на Украина Олекси Резников при пристигнувањето на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн формат, на кој ќе се разговара за нова помош за Украина.
„Секогаш ми е задоволство да се сретнам со мојот добар пријател и украински колега, Олекси Резников. 50+ нации кои учествуваат во UDCG стојат обединети со вас во оваа борба за суверенитет и самоодбрана на Украина“, напиша Остин на Твитер.
It’s always a pleasure to meet with my good friend and ?? Ukrainian counterpart, @oleksiireznikov. The 50+ nations participating in the UDCG stand united with you in this fight for Ukraine’s sovereignty and self-defense. pic.twitter.com/VLwsD5V5Qk
— Secretary of Defense Lloyd J. Austin III (@SecDef) February 14, 2023
Состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн формат се одржува денеска во Брисел.
Подготви: Д. Мишев