• Latest

Влада: Со ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС македонскиот јазик и идентитет на европско рамниште

February 14, 2023
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Влада: Со ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС македонскиот јазик и идентитет на европско рамниште

February 14, 2023 12:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Владата го поздравува усвојувањето на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во Република Северна Македонија.

-Договорот за ФРОНТЕКС, ратификуван на вчерашната собраниска седница, беше потпишан на 26 октомври 2022 година и е прв потпишан договор со ЕУ, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, кои со овој документ се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Со потпишувањето на овој документ и неговата ратификација, како што е наведено во соопштението, статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик се издигнува на врвно рамниште, што нѐ прави сите нас, граѓаните на Република Северна Македонија, исклучително горди на нашата култура, јазик и идентитет, кои се признати и препознаени и во меѓународни рамки.
-Македонскиот јазик и идентитет се зачувани и втемелени во европското законодавство.Овој чин е крунисување на заложбите за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат, посочуваат од Владата.

Ратификувањето на Договорот за ФРОНТЕКС, кој беше потпишан помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, е израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи, на кои се темели меѓусебната соработка.
На овој начин со имплементацијата на овој Договор, ќе се придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија.

Овој Договор ги уредува сите прашања неопходни за распоредување на тимовите за управување со границите од постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија, при што членовите на тимот можат да вршат извршни овластувања.

Според Договорот, соработката се заснова врз принципите на партнерство и меѓусебно почитување, при што за секоја оперативна активност се договара оперативен план помеѓу Агенцијата и Република Северна Македонија.

Наведениот договор ги обврзува сите лица кои учествуваат во оперативната дејност да ги одржуваат највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам и почитување на основните права, како и да ги исполнуваат обврските што им се наметнати со одредбите на оперативниот план.

-По цели 17 години чекање пред портите на ЕУ, Владата на Република Северна Македонија ги оствари надежите на граѓаните за целосна заштита на македонскиот јазик, култура и идентитет. И понатаму ќе продолжиме да ги промовираме и негуваме нашите вредности, како и одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста во нашата држава, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Tags: владаФронтекс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ