• Latest

Поранешен руски олигарх: Путин преку Србија ќе се обиде да го дестабилизира Балканот

February 20, 2023

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Поранешен руски олигарх: Путин преку Србија ќе се обиде да го дестабилизира Балканот

February 20, 2023 18:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешен руски олигарх и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин во интервју за австриски „Дер Стандард“ изјави дека Путин сака да го дестабилизира Балканот преку Србија и дека тоа е негова политичка опсесија. Според него, рускиот претседател сака да им го отежне животот на Европејците.

Михаил Ходоровски (59) е поранешен шеф на нафтената компанија Јукос и помина повеќе од една деценија в затвор поради наводно затајување данок. Неговиот дом сега е во Лондон, а објави и нова книга „Како да се убие змеј“, пренесува Индекс.хр.

Ходоровски зборуваше за „Дер Стандард“ за иднината по војната во Украина и рече дека не гледа сценарио за итен прекин на војната без Украина да се најде во уште полоша позиција отколку што е сега.

Путин поддржува радикали од секаков вид. Неговата цел е дестабилизација за да може да се позиционира како некој што управува со нестабилна ситуација. Ако војната продолжи, тој ќе се обиде да го дестабилизира Балканот за да им го отежне животот на Европејците, изјави поранешниот олигарх за Дер Стандард.

На прашањето дали Путин тоа ќе го направи преку Србија, Ходоровски одговори: „Апсолутно“.

За среќа, Русите се идиоти, тоа го пробаа во Црна Гора и го изгубија влијанието во таа земја, но не можете да сметате дека секогаш ќе бидат идиоти, додаде тој.

По санкциите, влијанието на Русија стана помало, на пример, во Германија. Но, десничарските екстремисти се природни партнери на Путин. Тој го знае тоа. Бидејќи гласачите од радикалната десница имаат тенденција да го поддржуваат Путин, тие не ја губат поддршката ако Путин започне војна. Ова треба внимателно да се следи, рече Ходоровски.

Според него, моќта на Путин е многу персонализирана и дека тој не е идеолошки настроен. Тој наведува дека Путин нема тим околу себе и дека ја одржува власта во најблискиот круг со тоа што ги спротивставува луѓето. Никој друг не може да го избалансира, вели поранешниот бизнисмен.

Во ерата по Путин, Ходоровски гледа или распад на Русија или нов „добар диктатор“ или парламентарна република. Во случај на распад на Русија, Ходоровски наведува дека воената хунта би можела да употреби нуклеарно оружје, а наведува и дека второто сценарио нема да заврши добро.

Го видов тоа кај Борис Елцин, кој беше прекрасен демократ во 1990 година, но го распушти парламентот во 1993 година. Тој мораше да испрати луѓе во Приштина во 1999 година за да покаже дека го штити рускиот народ. Русија првенствено се заснова на заштита од надворешни непријатели, а тоа ја објаснува силната централизација на државата. Единствената алтернатива е федералната, делумно конфедерална парламентарна демократија што ја опишувам во книгата, рече тој.

Ходоровски вели дека влијанието на Путин во Австрија е огромно. Тој наведува дека поради бројот на професионални убијци-спијачи, на Путин му е полесно да убие некого во Австрија отколку во која било друга европска земја. Поради таквата закана, вели Ходоровски, бугарскиот новинар Христо Грозев морал да ја напушти Виена.

Влијанието на Путин во Австрија е огромно. Не знам до кој степен Австрија сака да ја има улогата што ја имаше за време на Студената војна, кога Виена беше центар на разузнавачка интеракција, место каде се заобиколуваа санкциите и извозните контроли во Советскиот Сојуз, истакна Ходоровски за Дер Стандард.

Тој додаде дека поради денешната европска интеграција не е сигурен колку би биле среќни другите земји доколку Австрија ја преземе таа улога.

Tags: БалкандестабилизацијаЕвропејциПутинСрбијаХодоровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ