• Latest

ФЗО за рекордно време го вратил системот во функција, во слични ситуации потребно е двојно повеќе време

February 22, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ФЗО за рекордно време го вратил системот во функција, во слични ситуации потребно е двојно повеќе време

February 22, 2023 18:51
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за здравствено осигурување ги презел сите потребни чекори за заштита од напади, а последниот напад се случил непосредно пред да се префрлат сите податоци на „клауд“, соопштија од ФЗО.

Во текот на минатата година имало постапка за јавна набавка за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци, а првата фаза од миграцијата на системската инфраструктура требаше да се случи во текот на неделата кога се случи и нападот.

Директорката на ФЗО, Магдалена Грашковска Филиповска на брифинг со новинарите истакна дека вработените во Фондот работеа неуморно овие две недели за да создадат услови за да се воспостават преодни решенија додека да се реши проблемот, се со цел на ниеден граѓанин да не му биде ускратено правото на здравствена заштита.

„Она што за нас беше приоритет беше граѓаните да не претрпат штета заради нападот, и мислам дека во тоа успеавме, системот е вратен во функција, платите, боледувањата, породолното, сѐ е исплатено. Во моментов, Фондот работи на внес на заостанатите информации од овие две недели, после кој внес веројатно ќе можеме да направиме и подетална анализа и процена“ рече Грашковска Филиповска.

Таа додаде дека според сите анализи на ИТ експертите со нападот на ФЗО не се случило одлевање на податоците на граѓаните и тие останале безбедни и заштитени во Фондот.

ФЗО за рекордно време го вратил системот во функција, во слични ситуации потребно е двојно повеќе време

„Сакам да се заблагодарам до сите инволвирани во решавањето на предизвиците од сабјер нападот и тука пред се мислам на ИТ тимот, на инженерите, кои деноноќно и посветено работеа и успеаја да ги вратат функциите на системот во рекордно време. Велам рекордно бидејќи статистички, на многу поразвиени земји, просечно им требале дваесетина дена за да ги вратат функционалностите“ изјави директорката на ФЗО, Магдалена Грашковска Филиповска на брифинг со новинарите.

Таа кажа дека најважно е што според сите анализи на ИТ ескпертите, нема одлевање на податоците на граѓаните.

Граѓаните да се спокојни, податоците не беа украдени, тоа се шпекулации, податоците се безбедни и заштитени во Фондот. Во моментов тече истрагата за сите детали, и кога истата ќе заврши ќе биде можно да се споделат и повеќе информации. Но, сакам да повторам, здравствените и личните податоци се безбедни и граѓаните непречено може да си ги остваруваат сите свои права. Исто така, системите на Фондот се вратени речиси во нормала и исплатени се и платите на здравствените работници, но и породилното, боледувањата и разните рефундации“ рече Грашковска-Филиповска.

Слични вакви напади на базите на здравствените осигуреници се случиле во повеќе земји, а според достапните податоци „рансомвер“ нападите на системите во здравството во САД се дуплирале за само пет години. Според истражувањето на Американското медицинско здружение дури 42 отсто од нападите предизвикувале онеспособување на системите за пружање заштита подолго од две недели.

„Ние како земја не сме по ништо исклучителни во вакви напади кои се интензивираат после војната во Украина а со која трети страни целат да направат хаос во државниот систем и предизвикуваат паника и немир кај граѓаните. Сајбер нападите се случуваат и ќе се случуваат. Хибридното војување не е ново, буквално сите земји во светот се соочуваат со сајбер напади, и затоа овој период сме посветени на јакнење на нашата отпорност, работејќи и со други земји и стратешки партнери“ изјави директорката Грашковска-Филиповска.

 

Tags: ГрашковскаЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИмигрирање на податоцинападиФЗОхибридно војување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ