• Latest

Украина се подготвува за ескалација на руските напади во пресрет на годишнината од целосната воена агресија

February 23, 2023
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина се подготвува за ескалација на руските напади во пресрет на годишнината од целосната воена агресија

February 23, 2023 14:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украина се подготвува за потенцијален наплив на руски напади темпиран на годишнината од војната , при што властите ги повикаа училиштата да одржуваат настава од далечина и ги повикуваат луѓето да избегнуваат учество во големи толпи.

Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, училиштата ширум Украина биле советувани да се префрлат на далечинско учење до петок од страна на министерот за образование на земјата, Серхиј Шкарлет, кој рече дека руската историја на напади врз училишта и други центри за собирање на цивили, како што се станбените згради и болниците, ги става во опасност учениците.

Во јужниот украински пристанишен град Херсон, кој силите на Кијив го вратија во ноември, властите ги советуваа жителите да избегнуваат непотребни патувања надвор и побараа од хуманитарните групи да не поттикнуваат големи собири.

Во поширокиот регион Херсон се воведуваат дополнителни безбедносни мерки како подготовка за можна руска ескалација, соопшти регионалната државна администрација. Од четврток до недела, многу јавни институции ќе работат од далечина, а службениците за спроведување на законот ќе патролираат во областите каде што може да се соберат толпи.

Кијив вели дека Русија трпи големи загуби бидејќи ги уфрла неодамна мобилизираните трупи во битка, но Громов рече дека Москва користи подобро подготвени војници од редовните единици во веќе повеќемесечната битка за Бахмут.

Како што пренесува Индипендент, според украинската војска, Русија ги интензивира непријателствата во Украина една година по нејзината инвазија во намерен обид да ги исцрпи украинските сили.

Бригадниот генерал Олексеј Громов изјави дека Русија си поставила цел до лето да ја заземе целата територија што не ја контролира во двата региони што ја сочинуваат индустриската област Донбас во источна Украина.

Најжестоките борби останаа околу источниот град Бахмут, рече тој на воениот брифинг во пресрет на петочната годишнина од инвазијата на 24 февруари минатата година.

„Непријателот, имајќи предност во ресурсите на човечка мобилизација, намерно ги интензивира непријателствата во обид да ги исцрпи единиците на вооружените сили на Украина“, рече Громов. Краткорочно, целта на Кремљ е да ги заземе клучните населби во регионот на Доњецк, а во иднина да ги освои (сите) регионите Доњецк и Луганск пред летото.

Генералното собрание на ОН се очекува да гласа за резолуција со која се повикува Русија да ги повлече своите трупи од Украина и за мировен договор со кој се признава суверенитетот на Украина и се отфрлаат какви било територијални придобивки од Русија.

Папата Франциско ја нарече војната „апсурдна и сурова“ во неговите неделни забелешки.

„Она што е изградено на урнатини никогаш нема да биде вистинска победа“, рече тој, повикувајќи на почеток на мировни преговори.

Подготви: Д. Мишев

Tags: гогодишнина од агресијатаескалацијаруска агресија врз Украинаруски нападиУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ