• Latest

(Видео) Амбасадорката Дир: Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина

February 24, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

(Видео) Амбасадорката Дир: Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина

February 24, 2023 11:51
in ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир, на почетокот од своето обраќање на  Конференцијата „Украина – година на хероизмот“ се заблагодари за поддршката на Украина, како и на присутните за тоа што најдоа време да се придружат на оваа конференција, која е посветена на херојската година на отпорот на Украинците, организирана со помош на ЦИВИЛ.

Таа истакна дека  денес бележиме една година откако Украина го започна отпорот против бруталната руска агресија, што го промени светскиот поредок.

Во четири часот наутро на 24 февруари, 2022 година, светот се промени не само за Украинците – туку се промени воопшто и светскиот поредок. За Украинците, светскиот поредок се промени во најбруталниот можен начин – со руски ракети и ирански дронови, воени злосторства и злосторства против човештвото кои ги вршеа и сé уште ги вршат руските окупатори.

Безбедносната архитектура во Европа почна значително да се менува од февруари 2014, кога Руската федерација привремене ја окупираше Автономна Република Крим и некои делови од регионите Доњецк и Луганск во Украина. Меѓународната реакција, вклучувајќи ја и реакцијата на меѓународните организации, за противзаконската и незаконската политика на Русија требаше да биде поодлучна.

Од почетокот на целосната инвазија, желбата на Кремљ да го уништи украинскиот народ и украинската државност се има интензивирано, вклучително и поради тоа што планот за брза окупација на Киев за 3 до 7 дена не се спроведе.

Единствената причина за оваа неиспровоцирана агресија беа нео-империјалистичките амбиции на руската држава и нејзиното највосоко раководство. Претседателот на Русија направи фатална грешка.

Во реалноста, Украина не само што ја запре инвазијата, туку успеа и да ослободи скоро половина од нејзините ново окупирани територии преку успешни контранапади.

Компонентата што Руската федерација, како терористичка земја, не ја зеде во предвид е украинскиот отпор, што има историја на многу генерации.

Отпорот може само да се зголеми, истакна Дир. Храброста на украинските војници денес е феномен. Имаме помала војска и помалку оружје. Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина.

Таа запраша дали може некој туку така да упадне на туѓа суверена територија – да застрела семејство, да силува дете, да ограбува, депортира, киднапира!? Одговорот е очигледен. Европа се обедини во спротивставувањето на воените злосторства на Руската федерација и злосторствата против човештвото извршени од страна на Русите на украинската територија. Украина добива значителна воена и финансиска помош од ЕУ и НАТО земјите.

Храброста на Украинците сега мора да биде поддржана со тенкови, оружје со долг дострел и борбени авиони. Украинците го даваат својот живот не само бранејќи ја својата суверена територија, Украинците ги бранат вредностите според кои демократскиот цивилизиран свет живее, посочи Дир.

Неизвесноста и одолговлекувањето само ги зголемуваат украинските жртви. Одолжувањето само ја зголемува можноста државата агресор – Руската федерација да го убива цивилното население на Украина, да ги уништува украинските градови, да врши тортура, да депортира Украинци и да киднапира украински деца.

Духот на украинските граѓани и поддршката на земјите на ЕУ и НАТО ѝ овозможија на Украина да ја оддржи работата на сите гранки на власта.

Повеќе поддршка сега значи побрза победа и мир.

Таа истакна дека Украина доби кандидатски статус за пристапување во ЕУ и потпиша барање за забрзано членство во НАТО.

Украина, која се бори на бојното поле, исто така, нуди развој на безбедносни формати. Спроведувањето на Формуката за мир од 10 точки претставена од претседателот Зеленски ќе донесе сеопфатен, праведен и траен мир на Украина и безбедност на целиот свет.

Многу земји веќе ја имаат поддржано Формулата за мир, избирајќи ја за себе улогата на лидер во спроведувањето на еден или друг чекор на Формулата за мир. Украина чека пошироко приклучување на други земји не само во улога на лидери, туки и преку коалициска поддршка за чекорите на Формулата за мир.

Украина бара да го казни раководството на Руската федерација за одлуката за вооружена агресија врз Украина. Оваа војна не се работи само за Украина, нагласи Дир.

Бруталниот напад на Русија ја уништи глобалната безбедност. Секој руски воен злосторник мора да биде казнет. Формирањето на Специјален трибунал ќе овозможи гонење на политичкото и воено раководство на Русија за најтешкото злосторство, злосторството на агресија. Украина активно работи со партнери за формирање на трибуналот.

И санкции. Режимот на санкции не само што треба да се оддржи, туку треба и да се зајакне. Зајакнување на санкциите е потребно за да се осигура дека Русија нема да може да произведува и одджува високо-технолошки оружја, посебно ракети кои го напаѓаат цивилното население и цивилната критична инфраструктура.

Блокираните и замрзнати средства на Русија и санкционираните руски граѓани мора да станат главниот извор на финансирање на компензациите за Украина и за украинските граѓани. Благодарни сме на оние земји членки на ОН кои ја поддржаа резолуцијата ГА на ОН за продолжување на правниот лек и репарацијата за агресијата врз Украина. На 17 февруари, 2023 година, Владата на Кралството Холандија одлучи да го постави во Хаг Меѓународниот регистар на загуби и штети предизвикани на Украина како резултат на руската агресија, кажа Дир во своето обраќање.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: конференцијаруска агресија врз Украинаукраинска амбасадорка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ