• Latest

Ќе се разгледува Извештајот на консултантот за преговорите со конзорциумот „Бехтел и Енка“

March 7, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе се разгледува Извештајот на консултантот за преговорите со конзорциумот „Бехтел и Енка“

March 7, 2023 11:31
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска ќе го разгледа Извештајот на консултантот за преговорите со американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој треба да ги гради коридорите 8 и 10 Д во земјава, најави вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на неговиот официјален фејсбук профил.

-Голем ден не очекува денес во Управниот комитет, а подоцна и во Владата каде ќе го разгледаме извештајот на нашиот консултант околу преговорите со конзорциумот Бехтел-Енка за изградба на Коридорот 8 и 10 Д, како и предлог-договорот за усвојување и потпишување. Дојде долгоочекуваниот ден, стои во објавата од Груби.

На 2 февруари во Владата беше потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д.

Со потпишувањето на договорот стартуваа преговорите на надзорот во име на Управувачкиот комитет на Владата со „Бехтел и Енка“ за натамошниот тек на проектот, што според најавите треба да стартува годнава. Следна фаза треба да биде потпишување договор за изведба на работи на автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

ИРД инжинеринг во државава е присутна со услуги над 20 години, а директорот Паоло Орсини на потпишувањето на договорот вети дека ќе обезбедат највисоко ниво на надзорни услуги и оти навремено и квалитетно ќе бидат завршени работите.

Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.

Минатата недела имаше објави во медиумите околу вкулучените компании во избраниот надзор за проектот, а премиерот Димитар Ковачевски порача да се пријави секаков сомнеж или информации во однос на интегритетот на вработени, подизведувачи, субконтрактори.. вклучени во инфраструктурниот проект.

Tags: Бехтел и ЕнкавладаГруби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ