• Latest

Следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври

March 7, 2023
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври

March 7, 2023 14:47
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На 16 октомври Тирана ќе биде домаќин на следниот самит на Берлинскиот процес. Веста ја соопшти германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин, со албанскиот премиер Еди Рама, јави Топ чанел.

Тој додаде дека Западен Балкан и неговата интеграција во Европската унија се многу важни.

– Во многу наврати го свртев вниманието на фактот дека ова е една од големите задачи што Европа мора да ги исполни сега. Западен Балкан е дел од Европа и дел од европското семејство. Затоа, мило ми е што следниот Самит на Берлинскиот процес ќе се одржи на 16 октомври во Албанија. На овој начин, Самитот на Берлинскиот процес за првпат во речиси 10-годишната историја на процесот да се организира во главниот град на една земја од Западен Балкан, рече Шолц.

Рама го изрази своето задоволство, што Тирана е избрана за место за одржување на самитот на Берлинскиот процес.

– Драго ми е што можеме да го објавиме и датумот, 16 октомври годинава, кога во Тирана ќе се одржи Самитот на Берлинскиот процес. Овој самит ќе го продолжи продлабочувањето на процесот, ќе се занимава со балансот на постигнувањата, со целите што треба да се постигнат понатаму и ќе ја зајакне соработката во регионот, рече Рама, нарекувајќи ја Германија како „внимателен сопатник“.

Во однос на француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, Рама посочи дека силно го поддржува мировниот план, кој според него, ја носи потребната и долгоочекувана нормализација кон која двете страни мора да се однесуваат сериозно и со потребна храброст.

– Разговаравме и за регионот, силно го поддржуваме планот за мир и нормализација меѓу Косово и Србија. Според нас, тоа е многу суштински и реален план, кој ја носи потребната и долгоочекувана нормализација кон која двете страни мора да се однесуваат сериозно и со потребна храброст, рече меѓу другото тој.

Премиерот Рама ја презеде улогата на домаќин на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември минатата година.

Тирана, инаку, на 6 декември минатата година беше домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што за првпат ваква средба одржана надвор од границите на ЕУ, на кој учествуваа лидери и делегации од 44 држави.

Албанската делегација денеска ќе се сретне и со високи претставници на германскиот бизнис, а премиерот Рама ќе го посети и Меѓународниот саем за туризам, кој секоја година пречекува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји, меѓу кои ќе биде и албанскиот штанд.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Берлински процесЕди РамаЕУЗападен БалканинтеграцииШолц
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ