• Latest
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“, 24 март 2022 (фото извор: Министерство за одбрана)

Петровска за “360степени”: Од САД добивме 139 милиони долари за модернизација, што е далеку повеќе од вредноста на воените донации за Украина

March 25, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Петровска за “360степени”: Од САД добивме 139 милиони долари за модернизација, што е далеку повеќе од вредноста на воените донации за Украина

March 25, 2023 09:59
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“, 24 март 2022 (фото извор: Министерство за одбрана)

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“, 24 март 2022 (фото извор: Министерство за одбрана)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ АлСат зборуваше за можната донација на хеликоптери на Украина, како и за тоа што Северна Македонија добива за возврат по одлуките за донација на опрема и вооружување на оваа земја која ја брани својата сувереност.

Петровска појасни дека анализата на Генералштабот за тоа дали земјава може да ги донира хеликоптерите Ми-24 е завршена и дека на следната владина седница ќе достави предлог за донесување на одлука со која Северна Македонија ќе и донира 12 хеликоптери на Украина.

За хеликоптерите произведени во 1984 година, посочи дека голем дел од нив од 2015 година се истечен ресурс, не се користат и согласно Стратешкиот одбранбен преглед не се предвидени во формацијата на Армијата. Појасни дека како и со останатите одлуки, ниту оваа на никаков начин не би влијаела на борбената готовност на Армијата.

„Сета опрема која што досега беше донирана, освен што е на барање на Украинците, ним им е потребна и тоа е опрема за која украинската армија е вешта во користењето, е опрема која согласно нашите планови за модернизација веќе е на истекот на користење,  нема да биде во составен дел на нашето вооружување и многу е извесно дека за кус временски период, ќе требаше да ни биде наплатено за да ја уништиме“, рече министерката.

Во однос на финансиските импликации, Петровска истакна дека проценката на вредноста на донациите без можната донација на хеликоптери изнесува околу 30 милиони евра, но дека за само помалку од една година Северна Македонија беше поддржана од САД со 139 милиони долари, наменети за набавка на нова, најсофистицирана опрема.

„Што добива Северна Македонија за возврат е прашање кое е исто така легитимно да се постави. Само за помалку од една година САД одобрија користење на финансиски средства во износ од 139 милиони долари, тоа е неколкукратно повеќе од тоа што ние сме го донирале. Тие се за поддршка на Планот за модернизација на нашата Армија, односно сето она што е предвидено да се набавува и оваа и наредните години“, истакна министерката.

За плановите за набавка на нови хеликоптери, министерката информираше дека во завршна фаза е деталната евалуација на петте пристигнати понуди за набавка на повеќенаменски хеликоптери и анализата за тоа дали тие се во согласност со нашите барања и потреби. Појасни дека станува збор за повеќегодишна набавка на осум повеќенаменски хеликоптери.

Tags: Воена помошдонацијаНАТОУкраинахеликоптери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ