• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ОЈО отвори постапка за изготвување порнографски материјал, Тренчевска – Жените да бидат гласни, политичката нетрпеливост и отсуството на дијалог меѓу пратениците

March 30, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ОЈО отвори постапка за изготвување порнографски материјал, Тренчевска – Жените да бидат гласни, политичката нетрпеливост и отсуството на дијалог меѓу пратениците

March 30, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ОЈО ја прошири постапката за уште 10 лица осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка ја прошири постапката уште против десет лица, осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​. во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Жени и девојки, бидете гласни и храбри затоа што тоа е чекорот кон вистинската слобода, кон слободата на говорот, слободата на изборот, слободата на живеењето. Бидете гласни и храбри, а институциите се тука да ве слушнат и поддржат, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на дводневната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ, гласно и храбро ги поместуваме границите“

ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина започна нова информативна кампања #BadRussianJoke, само неколку дена пред Русија да го преземе претседавањето со Советот за безбедност на ОН, информираат од украинското МНР.

Владимир Путин е „џуџе“ и „бедник“ што ја уништува Русија, се слуша во објавениот телефонски разговор меѓу две истакнати личности од руското општество, доскорешни поддржувачи на Путин и политиката на Кремљ.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми Косовската претседателка Вјоса Османи за време на самитот за демократија во организација на Белата куќа, во својот говор меѓу другото им порача на сите пријателски нации да го признаат Косово, Курти најави дека следната средба со Вучиќ ќе се одржи веќе во април, во Косово поскапува електричната енергија.

АНАЛИЗИ

Навреди, обвинувања најави за тужби,  помеѓу пратениците, лични навреди и дискредитации, јавно читање на доверливи психијатриски извештаи, обвинувања за лаги и манипулации. Политичката нетрпеливост и отсуството на дијалог меѓу пратениците не ретко преминува и во говор на омраза.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Во услови на зголемена загриженост за подмолните ефекти на дезинформациите од Русија, премиерите на осум европски земји – вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Полска – потпишаа отворено писмо во кое бараат од главните извршни директори на големите компании за социјални медиуми да преземат поагресивни чекори за да се запре ширењето на лажни вести на нивните платформи.

Лажна е аналогијата помеѓу преговорите за спорот за името со Грција и дијалогот за Косово. Официјалните преговори за спорот за името се водеа во рамките на ОН, а во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, ЕУ се јавува во својство на олеснувач меѓу страните, што беше поздравено со резолуцијата на Генералното собрание на ОН од 09.09.2010.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Којзнае колку (ќе) им е досаден животот на дел од „редовните пациенти“ кои се будат и легнуваат со содржините на ЦИВИЛ. Подолг период одредена група дежурни мразачи, не оставаат ниту една содржина која се објавува на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ, без негативен коментар. Посебна слабост им се Путин и Русија,

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Ниту еден функционер на Демократската унија за интеграција немал никаков контакт, ниту сега, ниту во минатото, од неговото бегство, за ниту едно прашање, со поранешниот премиер Груевски, па затоа длабоко жалиме за ваквите тенденциозни шпекулации и неточни информации објавени во јавноста, велат од ДУИ.

СОРАБОТКА Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи денеска потпишаа протокол за соработка како резултат на шестмесечната активна работа на работната група којашто ја формирале за таа цел.

ЕКОНОМИЈА Увозот на работна сила не може да биде долгорочно решение во ниту една земја, но економијата не може да чека со години на долгорочни решенија, туку и е потребна работна сила веднаш, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

РЕГИОН Како стојат работите во Бугарија, според последните истражувања на јавното мислење нема светлина на крајот од темниот тунел на политичката криза во најсиромашната земја во ЕУ, која исто така е најранливата точка на НАТО во однос на руското влијание.

СЛОБОДНА ЗОНА

На крајот на првиот квартал од оваа исклучително тешка година, гледаме дека повеќето од прогнозите се остваруваат. Рецесија, криза, климатски промени, зголемување на НАТО капацитетите и буџетите за одбрана и производство на муниција, игрите на моќ на Кина и продолжување на руската брутална и уништувачка војна против Украина, пишува Џабир Дерала во „Живот во Zeitenwende (1 дел)“.

Луѓето се разболуваат, на тоа сме сведоци. Се разболува целиот жив свет и тоа го гледаме. А се разболуваат ли народите и нивните држави? Ако сѐ друго е подложно на болести, тогаш и политичките творби мора да имаат некаква болест. Веројатно болеста е резултат на сѐ поголемото оддалечување од оригиналната замисла, пишува Војо Маневски во „Лек и терапија“.

Не било до рамката, сега е до суетата. Не биле прашани. На темава Француска рамка и уставни промени, својата доскорешна тврдокорна и демагошка реторика ВМРО- ДПМНЕ деновиве ја врти за сто и осумдесет. Од неартикулираните драња, свирежи и трескања по собраниските клупи пред европејката Урсула, на темата омекнаа како бело лепче штотуку извлечено од врела фурна. Им стишаа лавовските крикови и им се сведоа на мачешки предења, пишува Зоран Иванов во „Од лав до домашно маче“.

Д. Варошлија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ