• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската претседателка ги повика нациите да го признаат Косово; следна средба Курти-Вучиќ во април; Рама ветува покачување на пензии и просечна плата пред избори

March 30, 2023

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската претседателка ги повика нациите да го признаат Косово; следна средба Курти-Вучиќ во април; Рама ветува покачување на пензии и просечна плата пред избори

March 30, 2023 12:52
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската претседателка Вјоса Османи за време на самитот за демократија во организација на Белата куќа, во својот говор меѓу другото им порача на сите пријателски нации да го признаат Косово, Курти најави дека следната средба со Вучиќ ќе се одржи веќе во април, во Косово поскапува електричната енергија.

Во продолжение изборот од  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од денешните теми во албанските медиуми во регионот, за денешното издание не АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

„Признајте го Косово!“ Повик на Вјоса Османи од Самитот на Белата куќа

„И денес, сакам да ја искористам оваа прилика да ги повикам пријателските нации ширум светот да застанат со Косово денес и оние кои сè уште не го признале нашето државјанство и нашите демократски институции да се приклучат на мнозинството нации во светот и да го сторат тоа. “, порача  претседателката на Косово Вјоса Османи за време на самитот за демократија што виртуелно го одржа Белата Куќа.“, пренесе ТВ21.

Бота сот: Премиерот Курти потврди дека следната средба на високо ниво со Вучиќ ќе се одржи во април

Косовскиот премиер Албин Курти потврди дека следната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се одржи во април, во изјава во емисијата Дебата плус, додавајќи дека прво ќе се одржи средба меѓу главните преговарачи.

„Ќе се сретнеме во април, прво ќе се сретнат главните преговарачи, а потоа на високо ниво.Таму ќе разговараме за спроведување на договорот“, рече меѓу другото Курти, пренесе косовскиот дневник Бота сот.

 Репортери: Денеска се очекува поскапување цената на струјата во Косово

„Управниот одбор на Регулаторната канцеларија за енергетика  денеска ќе заседава на седница  која се очекува да биде одобрено поскапувањето на струјата од 15 проценти. Третата седница на УО има седум точки на дневен ред.

Регулаторната комисија  на 23 март донесе одлука за поскапување на струјата. Оваа одлука се очекува да стапи во сила од 1 април годинава и да продолжи до март следната година.“, пренесе косовскиот портал Репортери.

АЛБАНИЈА

Шекули: Рама ја отвора торбата еден месец пред избори, дава 5.000 леки на пензионерите и ветува зголемување на просечната плата

„Албанскиот премиер  Еди Рама на  еден месец пред локалните избори на 14 мај вети зголемување на просечната плата, а зборуваше за цифра од 900 евра.“, пренесе албанскиот медиум Шекули

Клан: 152 пријави за изборите од 25 април 2021 година во Албанија

„Дел од кривичните постапки поврзани со изборните прашања од 25 април 2021 година се уште не добиле одговор од СПАК, иако поминаа 2 години, а земјата е во пресрет на локалните избори на 14 мај. Според годишниот извештај на Специјалното обвинителство, до оваа институција се поднесени 152 пријави од политички субјекти во однос на пратениците од 25 април 2021 година.

Тужбите главно се однесуваат на купопродажба на гласови. Инспекторите одлучија да регистрираат како кривична постапка само 66 случаи, за кои се надеваа дека ќе обезбедат докази. Но, во текот на две години до судот се доставени само 5 досиеја и 7 лица се пред правдата за изборен криминал. Предметите се во постапка на одлучување на двете нивоа и се уште нема конечна одлука.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Ниту непријателот немаше да знае вака да ги уништи виталните институции на државата

„Државното обвинителство, без главен обвинител;

Врховен суд, без претседател;

Централна банка, без гувернер;

Доверба без одбор;

Кабинетот на премиерот, без секретар;

90% од министерствата без секретари;

95% од Агенциите, без началници…

За верба, непријателот вака да се трудеше да ги уништи виталните институции на државата, ќе требаше да се борите и да не дозволите  да се почувствува такво уништување.“, извадок од колумната „Ниту непријателот немаше да знае вака да ги уништи виталните институции на државата“, од косовскиот автор Хајзер Салиху, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ