• Latest

Јавното обвинителство и МВР потпишаа Протокол за соработка

March 30, 2023
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јавното обвинителство и МВР потпишаа Протокол за соработка

March 30, 2023 12:46
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи денеска потпишаа протокол за соработка како резултат на шестмесечната активна работа на работната група којашто ја формирале за таа цел.

-Неопходноста од креирање на овој протокол, произлезе не само од востановената добра практика на останатите европски земји од регионот, а во насока на имплементирање на европските стандарди во работењето на институциите задолжени за спроведување на законот, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Овој протокол, како што нагласи министерот, претставува дело на полициските службеници од криминалистичката полиција кои работат на терен, кои соработуваат со јавните обвинители и точно ги дијагностицирале сегментите што имаат потреба од допрецизирање при процесот на меѓусебна соработка.

-Нашата заедничка цел е успешно откривање, докажување и спречување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка притоа водејќи сметка за заштитата на правата на жртвите осомничените и обвинетите, а во согласност со националното законодавство и потпишаните меѓународни договори, потенцира Спасовски.

Спасовски е уверен дека на овој начин обезбедуваат современа алатка за поголема ефикасност на органите на прогонот истовремено нудејќи гаранција за почитување на правата и слободите на граѓаните.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески кажа дека усвојувањето на последниот закон за кривична постапка во целост ја променила улогата на јавниот обвинител во предистражната и истражната постапка. Сега во негова надлежност, како што рече, е координацијата на сите истражни дејствија и на сите делови од правосудната полиција вклучително и на припадниците на МВР со цел да се овозможи ефикасна и брза истрага и прибирање на сите докази неопходни за кривичен прогон.

-Оттука нашите две институции во секојдневната работа неминовно се упатени на тесна соработка и заеднички дејствија до цел да се спречат и разоткријат сите кривични дека и нивните сторители да бидат изведени пред лицето на правдата. Во таа насока имаме навистина многу резултати, рече Јовески.

Тој информира дека во текот на 2022 година јавните обвинителства во државата примиле нови кривични пријави против речиси 20 илјади познати полнолетни сторители на кривични дела, како и против над 1000 деца. Над 70 проценти од овие кривични пријави биле поднесени токму од МВР, што, според Јовески, укажува на важноста на нивната меѓусебна соработка и координација во постапувањето. -Протоколот којшто го потпишуваме денеска дополнително ќе ја динамизира нашата работа и ќе го усоглади нашето работење, рече Јовески. 

Tags: МВРОЈОсоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ