• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Секојдневно се менува ликот на Армијата; владите на Северна Македонија и Србија се ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард; Буча симбол на руските ѕверства

March 31, 2023
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Секојдневно се менува ликот на Армијата; владите на Северна Македонија и Србија се ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард; Буча симбол на руските ѕверства

March 31, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Петровска: Горда сум на армиските припадници, со модернизацијата секојдневно го менуваме ликот на Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на брифинг со уредници и новинари информираше за процесот на модернизација и опремување на Армијата со кој во континуитет се менува ликот на Армијата и се зголемува нејзината борбена готовност. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении, министерката порача дека станува збор за сеопфатни повеќегодишни проекти со кои стандардите на НАТО се воведуваат и во македонската Армија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Нашите две влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните, а на бизнис заедниците да им овозможат квалитетно и ефикасно да работат и своите бизнис планови да ги реализираат во разумен рок. Одличната соработка помеѓу двете држави носи квалитетни решенија во различни кризи, што за нас е голем стимул уште посилно да се вложуваме за стабилен и просперитетен Западен Балкан, истакна премиерот Ковачевски при официјалната посета на Белград.

ИЗЈАВА Ковачки се плаши од овие две папки

Тој се плаши од две работи. Тој се плаши од овие две папки. Во едната се доказите со кои ги побивам сите негови тврдења дека кријам имот. Ова е составен дел од тужбата што ја поднесов против него, како што впрочем и ветив на македонската јавност. Се разбира, ќе барам тој судски процес да биде отворен за јавноста за да можете сите вие да видите што се случува.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Експерти на руската пропаганда објавија инсценирано видео на кое се гледа како што велат, „конфликт меѓу украинската војска и жена што придружувала дете“. Меѓутоа, исто така, руските пропагандисти самите го разоткриле делото подоцна истиот ден.

Конзорциум медиуми објавија бомбастична истрага за сајбер-способностите на Русија, врз основа на (не толку често) протекување документи. Досиејата потекнуваат од НТЦ Вулкан, компанија за сајбер безбедност од Москва, која работи како изведувач на руските воени и разузнавачки агенции. Документите, меѓу другото, ги покренуваат и прашањата за улогата на ИТ инженерите зад проектот за контрола на информации.

Буча. 33 дена окупација. Повеќе од 1.400 смртни случаи, вклучително и 37 деца. Повеќе од 175 луѓе беа пронајдени во масовни гробници и маченички комори. 9.000 руски воени злосторства. 365 дена откако повторно е слободен украински град. Симбол на злосторствата на армијата на земјата окупатор. Никогаш нема да простиме. Ќе го казниме секој сторител“, напиша Зеленски на Телеграм.

АНАЛИЗИ

Во почетните месеци на руската инвазија на Украина минатата година дојде до зголемување на цените на нафтата и природниот гас што донесе неочекувани добивки за Москва. Но сега, по една година од почетокот на војната, тие денови веќе се минато.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Поголем дел од медиумите кренаа паника и страв кај граѓаните отако објавија лажна лажна вест која првично беше објавена во “Фактор“, за наводен вооружен грабеж во скопски Аеродром на локацијата Порта Аеродром спроти Скопјанка, пришто напаѓачите наводно биле вооружени и маскирани со хируршки маски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СУДСТВО Стоиме исправено пред сите предизвици и се надеваме дека преку нашето несебично залагање и макотрпна работа ќе успееме и ќе докажеме дека реформите во судството се возможни, а со тоа и ќе ја зголемиме довербата во судството, истакна претседателката на Судски совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, во честитката по повод 31 март – Денот на правосудството.

МТСП На жените не им треба охрабрување, вие веќе сте храбри. Не ви треба заштита, вие не сте жртви. Не треба да ви се даде шанса, вие сами си ја земате. Вам жените не ви треба кој било да ви каже кои сте, што можете и колку вредите, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на вториот ден од конференцијата „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“.

ИНЦИДЕНТИ  Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул. „М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А. (46) од с. Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите“, се вели во кусото соопштение од МВР.

РЕГИОН На 4,7 отсто е намалена разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, прво откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го соопшти датумот за избори во земјата.

СВЕТ Големата порота на Менхетен синоќа покрена обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп за исплата на кампањски средства на порно актерката Сторми Дениелс за да премолчи дека имала односи со него.

СЛОБОДНА ЗОНА

Веќе сè е толку провидно, што  и слепиот може да види, и глупиот да осознае и наивниот да се пробуди.  Една година по руската инвазија на суверена држава е сосема доволен период за да и слепиот и глупавиот и наивниот  осознаат, дознаат, почувствуваат, се определат дали се на страната на современиот фашизам, чија основна матрица како и на секој фашизам е агресијата, или се на страната на слободата, на страната на човековото право на самоопределба, вредност за која Македонија најдобро знае што тоа значи. Една година подоцна и македонското општество јасно се испрофилира. Секој си се престрои во редот на своите вредности, водејќи се од своите цивилизациски дострели.

За жал во тоа престројување, сè поизвесно е дека МПЦ-ОА го одбира патот  по кој наместо рамноправна автокефална црква (дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква), ќе постане руски клон чија употребна вредност ќе заврши тогаш, кога за тоа ќе процени Господарот од Кремљ, пишува Специјално за ЦИВИЛ Медиа, Марјан Николвски во „Од автокефалност до руски клон“.

(продолжение од 1 дел)

Како чинители на граѓанското општество, ние сме подготвени да го преземеме нашиот дел од работата, да се ангажираме секој ден, да ги повикаме луѓето во демократското јато и да ја зајакнеме свеста за сè што им го попречува патот. Но, лидерите како што е г. Шолц поседуваат неизмерна моќ – моќ што ја гледаме секој ден како функционира – да ги обликуваат и прошируваат патеките кон демократијата по кои, разумно е да се очекува, луѓето сакаат да чекорат. Во тој процес, честопати, само една личност може да биде засегната од отворањето или затворањето на патот кон демократијата, а друг ден, тоа може да бидат само двајца или тројца, пишува Џабир Дерала во „Живот во Zeitenwende (2. дел)“

Д. Варошлија

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ