• Latest
Thaci, Krasniqi, Veseli, Selimi
Foto: Anadolu Agency

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Хаг денеска почна судењето на водачите на ОВК, вчерашниот марш во Приштина под мотото „Слободата има име“ денеска во Хаг го продолжуваат Албанците од дијаспората

April 3, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Хаг денеска почна судењето на водачите на ОВК, вчерашниот марш во Приштина под мотото „Слободата има име“ денеска во Хаг го продолжуваат Албанците од дијаспората

April 3, 2023 12:02
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Thaci, Krasniqi, Veseli, Selimi
Foto: Anadolu Agency

Thaci, Krasniqi, Veseli, Selimi Foto: Anadolu Agency

Share on FacebookShare on Twitter

Воочи судењето на поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, вчера во Приштина илјадници луѓе маршираа во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, а денеска Албанци од дијаспората маршираат во Хаг под истото мото. Во Хаг денеска започна судењето на Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за заеднички злосторнички потфат, како што се убиства, тортура и сурово постапување во периодот 1998-99 година.

Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Репортери: Во Хаг денеска почнува судењето на водачите на ОВК

„Денеска почнува судењето на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за заеднички злосторнички потфат, како што се убиства, тортура и сурово постапување во периодот 1998-99 година.“, пренесе косовскиот дневник Репортери.

РТК: Албанците од дијаспората денеска протестираат за поддршка на ОВК

„Голем број Албанци од различни земји на Европа тргнаа на патот кон Хаг, за да излезат во поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, на кои им се суди во рамките на Специјализираните совети.“, пренесе косовската РТК.

Лајми нет. :Во Приштина вчера илјадници граѓани протестираа под слоганот „Слободата има име“ воочи судењето на лидерите на ОВК во Хаг

„На маршот „Слободата има име“  со собра многу луѓе од цело Косово, но и пошироко. Според организаторите, на  маршот имало околу 100 илјади граѓани кои марширале за правда за ослободителите.

Преку овој марш граѓаните, ја пренесоа пораката за барање правда за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, на кои се уште им се суди во рамките на Специјалниот суд  во Хаг.“, пренесе косовскиот портал Лајми нет.

АЛБАНИЈА

Шќип: На 23,4 илјади Албанци им е наредено да ја напуштат Европската унија во 2022 година

„Во текот на 2022 година, албанските државјани на кои им било наредено да се вратат од земјите на Европската унија биле 24.395, што е бројка за 8,05% повисока од онаа во 2021 година, каде што на 22.470 Албанци им било наредено да се вратат од земјите на ЕУ, покажуваат податоците објавени од Евростат и обработени од Монитор.“, пренесе албанскиот портал Шќип.

Јава Њуз: Експерти од Британија доаѓаат во Албанија за да ги откријат причините за масовното иселување на младите

„Велика Британија ќе испрати експерти од добротворни институции и социјални работници во Албанија за да ги дознаат причините поради кои Албанците ја напуштаат земјата.

Британските медиуми пишуваат дека претставници на институциите ќе вршат студии и ќе комуницираат со албанската влада во врска со феноменот на иселување.“, пренесе албанскиот медиум Јава Њуз.

КОЛУМНА

Перископи: „Маршот за правда“- повеќе против Албин отколку против Хаг“

„Иако се чини дека маршот е знак за политичка демонстрација против одложувањата и пристапот до меѓународната правда за четворицата поранешни лидери на ОВК, тој всушност се претвори во политичка дебата меѓу приврзаниците на власта и опозицијата.

И имаше некои јасни знаци дека демонстрантите имале повеќе врска со владата отколку со меѓународната правда.“, извадок од колумната „Маршот за правда“- повеќе против Албин отколку против Хаг“, од албанскиот автор Меро Базе, објавена во медиумот Перископи.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ