• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Русија во ОН ќе отвори дискусија за Заедницата; Албанија за прв пат се приклучи на поморските патроли на НАТО; слободно движење во прекуграничните области на Косово и Албанија

April 13, 2023

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Русија во ОН ќе отвори дискусија за Заедницата; Албанија за прв пат се приклучи на поморските патроли на НАТО; слободно движење во прекуграничните области на Косово и Албанија

April 13, 2023 11:00
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во сагата со формирањето Заедница на општини со српско мнозинство се приклучи и Русија, односно рускиот амбасадор во Белград Александар Харченко, кој соопшти дека Кремљ ќе отвори продуктивна дискусија во ОН за проблемите на Србите во Косово. За прв пат Албанија се приклучи на поморските патроли на НАТО, а денеска стапи на сила договорот за слободно движење за прекуграничните области со Албанија и Косово.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Русија во Советот за безбедност на ОН ќе организира дискусија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово

Рускиот амбасадор во Белград, Александар Харченко, рече дека Русија, која претседава со Советот за безбедност на ОН овој месец, ќе се заложи за дискусија за формирање на Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово. Во изјава за медиуми, рускиот дипломат рече дека Кремљ се залага за продуктивна дискусија во ОН за суштината на проблемите кои се навистина акутни за Србите, а еден од нив, како што рече, е и Заедницата, пренесе Радио Косова е Лире.

АЛБАНИЈА 

Факс Веб: Албанија се приклучи на поморските патроли на НАТО

„За прв пат, Албанија учествуваше во операцијата на НАТО Море Гардијан, со ALS Lissus на албанската морнарица која патролира по Јадранското Море и Централниот Медитеран.

ХРВС Дубровник на Хрватската морнарица ја предводеше работната група по втор пат.

Поморски патролни авиони и воздушни авиони за рано предупредување од Грција, Италија и Турција обезбедија поддршка за HRVS Dubrovnik и ALS Lissus. На патролите им помагаше и копнениот надзор на Алијансата на НАТО (NAGS), што придонесе за поцелосно разбирање на поморската средина во регионот.“, пренесе Факс Веб.

Балкан Веб – Анкети на Гласот на Америка:  87отсто од Албанците тврдат дека корупцијата е главниот проблем во земјата

„Во Тирана, Меѓународниот републикански институт штотуку објави анкета, од која се чини дека огромното мнозинство албански граѓани ги наведоа трошоците за живот и корупцијата како нивна најголема грижа. Велат дека албанската демократија не напредувала доволно и дека се загрижени поради неодамнешното зголемување на емиграцијата.“, пренесе Балкан Веб.

Телеграфи: Албанија и Косово остануваат најсиромашните земји во Европа, според ММФ

„Албанија и Косово повторно се рангирани од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како најсиромашни земји во Европа во 2023 година, врз основа на приходот по глава на жител, кој се мери со пресметување на куповната моќ, реален показател за тоа колку пари вредат за жителите на земјата.

Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител врз основа на паритетот на куповната моќ (ППП), е бруто-домашен производ конвертиран во меѓународни долари користејќи стапки на паритет на куповната моќ.“, пренесе Телеграфи.

ТВ Клан: Слободно движење во прекуграничните области на Косово и Албанија

„Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека денеска стапи на сила договорот за слободно движење за прекуграничните области со Албанија. Според него, министерствата за внатрешни работи на двете земји го потпишале Протоколот со кој се овозможува слободно движење на граѓаните кои живеат во пограничните области, на 26 посебни премини.“, пренесе ТВ Клан.

КОЛУМНА

Коха: Со Мусаф и Мерцедес

„Доколку јавно се спомне за луксузот на верските достоинственици, нивните фанатични следбеници го забораваат на Куранот и го зграпчуваат камшикот. Особено оние јавни гласови кои го разоткриваат лицемерието на верските водачи страдаат од ова насилство. Целото општество мора да реагира против ова лицемерие и насилство. Институциите за безбедност и правосудство мора да дејствуваат особено. Тоа требаше да се направи можеби пред 10 години, како што покажува случајот од Базел, Швајцарија, каде наивни Албанци фрлија 11 илјади франци во празна кутија за чевли за имамот со Мусаф, а во меѓувреме и со Мерцедес.“, извадок од колумната „Со Мусаф и Мерцедес“, од авторот Енвер Робели, објавена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ