ЦИВИЛ продолжува со серијата средби со градоначалници за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“, денеска, со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
Средбата е дел од проектот на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности, а се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
Првата компонента на проектот е под наслов „Граѓански дијалози“ каде што се поканети претставнички и претставници на локалните институции на власта, бизнис заедницата, образовните установи, граѓанските организации и други форми на граѓанско здружување, етнички и верски заедници и други лидери во заедниците.
Претходно, претставниците на ЦИВИЛ одржаа средби и со Министерката за труд и социјални политики, Јованка Тренчевска , Националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов , градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари.
Д. Т.