• Latest

ЦИВИЛ: Медиумите се на првата линија на одбрана на човековите права и слободи; воените злосторства, корупцијата и криминалот „се бранат“ со дезинформации

May 3, 2023

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ: Медиумите се на првата линија на одбрана на човековите права и слободи; воените злосторства, корупцијата и криминалот „се бранат“ со дезинформации

Повод: Светски ден на слободата на медиумите

May 3, 2023 14:05
in ГРАЃАНСКА, ДИСКУРС, МЕДИУМИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На 3 мај оваа година се одбележува и триесетгодишнина од Светскиот ден на слободата на медиумите. Руската брутална агресија против Украина и деструктивните последици од сите облици на хибридното војување против демократијата во Европа и во светот, ја истакнуваат важноста на медиумите повеќе од било кога досега.

Овој јубилеј ја дочекува Северна Македонија со уште еден скок на индексите. Добрата вест е што нашата земја бележи скок од 19 места на индексот на Репортери без граници. Но причини за радост на овој ден има малку.

Со право, ОН годинава го одбележува овој ден со темата „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“. Точно е дека подемот на независните медиуми и развојот на дигиталните технологии овозможија слободен проток на информации во светот. Сепак, слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и слободата на изразување се сè повеќе на удар. Тоа силно влијае на остварувањето на сите човекови права и слободи.

ЦИВИЛ го повторува ставот дека дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права искажан и на Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември 2022:

Дезинформациите и пропагандата убиваат. Тие предизвикуваат недоверба во институциите, поларизација, несигурност, страв, тензии и насилство. Со заканите против медиумите, центрите на моќта нанесуваат ненадоместливи штети по економијата, политиката, целокупниот социополитички живот во општеството, стабилноста и безбедноста на државата.

Ставот на ЦИВИЛ дека корупцијата најефикасно „се брани“ со дезинформациите и пропагандата, произлегува од долгогодишниот мониторинг на состојбите и процесите во земјата, вклучително и на изборните процеси.

Од друга страна, организацијата повеќепати во текот на изминатите години нагласува дека борбата за правда е борба против корупцијата. Во тој и во поширок контекст, заложбите за човекови права и слободи, за мир, правичност и прогрес во општеството, се директно зависни од заложбите за слобода на изразувањето и медиумските слободи.

Дезинформациите и пропагандата се главна причина поради која кршењето на човековите права и слободи поминуваат неказнето. Трагичен доказ за ова тврдење е фактот дека воените злосторства и геноцидот „се бранат“ токму со дезинформации и пропаганда.

Пропагандните центри прават сè за да ги омаловажат и дискредитираат поединците, медиумите и организациите кои работат на промовирање на европските вредности, антинационализмот, правдата, еднаквоста и човековите права. Во светот, милитантните и диктаторските режими не се воздржуваат од прогон и убиства на новинари. Минатата година бележи црн биланс: најмалку 67 убиени и најмалку 568 затворени новинарки и новинари, според извештајот на Репортери без граници.

Нашата работа е во директна спротивност на сè што претставуваат центрите на моќта кои генерираат и пласираат дезинформации и пропаганда. Тие со години водат жестока и мрачна кампања против оние што се залагаат за човековите права и слободи.

ЦИВИЛ како граѓанска организација дејствува во насока на одбрана на човековите права, правичноста и општочовечките вредности. Медиумската платформа на ЦИВИЛ претставува извор на релевантни информации, извештаи и анализи, а воедно е платформа на која се одвива динамичен општествен и политички дијалог. Токму тоа се причините поради кои – и ЦИВИЛ и медиумите во состав на организацијата – се наоѓаат под континуиран удар на пропагандата, токму поради тие вредности и поради сеопфатниот прогресивен дух кој преовладува во нејзината медиумска работа.

Затоа, на 30-годишниот јубилеј на Светскиот ден на слободата на медиумите, важно е да ги согледаме фактите, колку и да се тие болни или замаглени со пропагандата. Медиумите се на првата линија на одбрана на човековите права и слободи! Воените злосторства, корупцијата и криминалот „се бранат“ со дезинформации.

ЦИВИЛ


Следете го ЦИВИЛ 
Фејсбук  |  Твитер  |  Инстаграм
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ