• Latest
Gabriel Escobar

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ескобар со порака до Албанија пред изборите на 14 мај; албанската ЦИК им нареди на партиите да ги отстранат плакатите; уште едно обвинение за воени злосторства во Косово

May 4, 2023
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ескобар со порака до Албанија пред изборите на 14 мај; албанската ЦИК им нареди на партиите да ги отстранат плакатите; уште едно обвинение за воени злосторства во Косово

May 4, 2023 12:05
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Gabriel Escobar

Gabriel Escobar

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори во Албанија, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар ги повика албанските граѓани да не се враќаат во минатото, а овој повик од албански аналитичари е протолкуван како јасна порака дека Сали Бериша е минато. Специјалното обвинителство во Косово поднесе обвинение против едно лице, за воени злосторства во Косово.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: Ескобар со повик до Албанците пред 14 мај/ Базе: Пораката беше јасна, Бериша е минато

„Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар ги повика албанските граѓани да не одат во минатото на изборите на 14 мај, мислејќи на двоецот Бериша-Мета. Оваа изјава доаѓа неколку дена откако Ескобар уште еднаш го опиша Сали Бериша како минато.

Новинарот и аналитичар Меро Базе во „Тема на денот“ на ABC News изјави дека пораката на Ескобар е јасна дека Сали Бериша е минато и дека граѓаните треба да гледаат кон иднината.“, пренесува албанскиот дневник Јава Њуз.

Клан: ЦИК нареди да се тргнат плакатите на политичките партии

„Сите плакати на политичките партии на кои нема назнака „Произведено под законска одговорност на х партија“ ќе мора да бидат отстранети од улиците на 61 општина во државата. Одлуката ја донесе  претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Илирјан Челибаши, откако беа оценети како произведени во спротивност со законот.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

КОСОВО

Бота Сот: Специјалното обвинителство поднесува обвинителен акт за воени злосторства против едно лице во отсуство

„Специјалното обвинителство на Република Косово (ПСРК) денеска во Основниот суд во Приштина – Специјално одделение поднесе обвинителен акт во отсуство против обвинетиот со иницијали Ч.А.

Специјалното обвинителство соопштува дека обвинетиот Ч.А. во временскиот период јануари – мај 1999 година, соработувајќи со група криминални лица (засега неидентификувани), организирани, облечени во полициски, паравоени, воени униформи, сториле кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, казниво по член 142. од Кривичниот закон на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (во натамошниот текст „СРЈ“) како важечки закон во времето на извршувањето на кривичното дело.“, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.

Газета Експрес: ЦИК ги потврди резултатите за Собранието на Лепосавиќ, 3 пратенички места останаа празни: ВВ гласаше против, Српска Листа воздржана

„Централната изборна комисија (ЦИК) по втор пат го врати прашањето за сертификацијата на собраниските работници на општина Лепосавиќ

Пред една недела оваа институција го немаше заверено резултатот во отсуство на 8 гласа „за“. По расправите, ЦИК го завери составот на општинското собрание на Лепосавиќ, кој произлезе по изборите на 23 април.“, пренесува косовскиот портал Газета Експрес.

Газета Блиц: Апелација ги разгледува жалбите во случајот на обвинетите за кражба на 2,1 милион од Државната каса

„Во Апелациониот суд во четвртокот беа разгледани жалбите на одбраната и трети лица, за предметот познат како „Случајот 2,1 милион“, каде Лабинот Груда и Кадри Шала од Основниот суд во Приштина беа осудени на 21 години затвор и 41 илјада и 500 евра парична казна (заедно), поврзани со обвиненијата за кражба од 2 милиони и 77 илјади и 995 евра и 90 центи.“, пренесе косовскиот портал Газета Блиц.

КОЛУМНА 

Полска бара репарации од Русија, но кога Албанија ќе побара од Грција?

„Затоа што прашањето за репарациите како историско право на една држава и еден народ не може да се занемари и заборави. Такво е прашањето за репарациите, кои Албанија треба да ги побара од Грција. Тоа е прашање кое има свој историски преседан. Албанија може и треба денеска да го покрене прашањето за репарации, кои Грција мора да ги плати за уништувањата, злосторствата, штетите и жртвите предизвикани од грчките воени сили на територијата на Албанија, од Првата светска војна до Втората светска војна.“, пишува косовскиот автор Шабан Мурати во обемната анализа „Полска бара репарации од Русија, но кога Албанија ќе побара од Грција?, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ