• Latest

Глобализмот на Преспанскиот договор и паранојата од наводното губење на македонскиот идентитет

May 14, 2023

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Глобализмот на Преспанскиот договор и паранојата од наводното губење на македонскиот идентитет

May 14, 2023 11:47
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето постојано зборуват дека светот станува глобално село, но никој не објаснува што воопшто тоа за нас во оваа земја значи.

Можеби визијата за Перспанскиот договор, која денес ја живееме е токму тоа. Пет години по потпишувањето на договорот ги собираме придобивките и ги бараме недостатоците. Во интервјуто за грчки “Катимерини”, поранешниот македонски премиер Зоран Заев зборува за тоа што овој договор ни донесе.

Ние комуницираме брзо и низ целиот свет без физчки граници. Додека глобализмот се шири како шумски пожар, на луѓето им е полесно да тргуваат и разменуваат од било кога досега. Во 21- от век повеќе од било кога, светот е глообално село кое е меѓу себе поврзано.

Но граници сепак постојат. Исто како и ограничувања.

Преспанскиот договор помести голем дел од тие граници. Барем кога се Република Северна Македонија и Грција во прашање.

Она што поранешниот македонски премиер Зоран Заев ќе го истакне во интервјуото за “Катимерини” е фактот дека според анкетите денес Грција е еден од петте најдобри пријатели на Северна Македонија, додека пред Преспа, таа беше еден од нашите три најголеми политички непријатели.

Договорите ги менуваат луѓето и регионите. Ако имате среќа, ги менуваат на многу подобро. “Тоа е многу видлива соработка, додека се чекаат повеќе од 2,5 милијарди евра инвестиции од Грција во Северна Македонија, во енергетиката и другите сектори. Износот одговара на 25% од нашиот БДП.” вели Заев за “Катомерини”.

Меѓусебната поврзаност им дава можност на поединците, групите и речиси на секоја нација да комуницираат и да учат едни од други искуства, знаења и вештини. Исто така ни дава можност да размислуваме поинаку.

“Денес, многу се радувам кога гледам семејства како меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега на пр. на забар, додека доаѓаме на кафе, на храна, на пазарење, особено во Солун, вели Заев во интервјуто.

Можностите пак се бескрајни кога можеме да се поврземе со луѓе ширум светот за да најдеме нови идеи, нови мисли и нови решенија за проблемите што се обидуваме да ги решиме. Тоа особено е императив во односите со соседите.

Поддршката на Грција и грчките политичари во интегративнивте процеси на земјава веќе не е спорна. Во интервјуто Заев ја истакнува помошта од Од Мицотакис и Дендиас во Европската унија, Европскиот совет и Советот на Европа.

И она што најмогу се провлекува во земјава како наследена и надградена параноја е претпоставката за губењето на идентиетот. Преспанскиот договор не го избриша македонскиот идентитет.

Македонскиот јазик денес пет години по Договорот еден од јазиците кои се употребуваат во ЕУ. Во Грција ни се случува верификација на Центарот за учење македонски јазик. Соработката меѓу двете земји е е отворена на сите полиња.

И на крај, сакаме ли да го уништиме она што веќе сме го постигнале и од кое имаат корист двете страни? Не. Не сакаме.

“Лидерот на опозицијата Кристијан Мицкоски јавно коментира дека нема враќање назад. Затоа мора да продолжиме во иднина” , нагласува Заев во интервјуто. Екс премиерот на прашањето дали има сè уште внатрешни тензии за новото име или за античката македонска историја, одговара: “Некои десничарски партии сè уште не го прифаќаат, но сега е во нашиот Устав. Не е само одобрување на договорот во парламентот, туку преку овој договор го сменивме уставот. Знам дека што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот мора да се почитува”.

И повторно дилемата за глобалното село, поврзаноста, границите и ограничувањата. И императивот на Европската Унија како крајно ослободување од гранциите кои самите си ги поставуваме внатре во системот. Оптимизмот на поранешниот премиер Зоран Заев за “Катемерини” ја посочува 2030 како година кога Северна Македонија ќе биде земја членка на ЕУ.

“Сите овие 17 години колку што имаше полемики за името, сменивме многу законодавства, го искористивме овој пат да го усогласиме нашето законодавство со европското, така што ќе имаме побрз пристапен процес во споредба со другите земји”, вели Заев во интервјуто.

Дотогаш ни останува само да ги поместиме границите во нас.

Извор: Либертас

Tags: ГрцијаЛибертасМакедонијамакедонски идентитетпреспански договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ