• Latest

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија

May 16, 2023
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија

May 16, 2023 09:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Северна Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.

Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“.

-Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества, изјави Блинкен.

Во делот за Северна Македонија, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“.

Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“. Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност.

-Новиот статус на МПЦ-ОА не беше целосно разрешен кон крајот на годината. Иднината на Православната охридска архиепископија (ПОА), која според документите за признавање на СПЦ треба да се спои со МПЦ-ОА, се уште не беше јасна кон крајот на годината, оценува Стејт департментот.

Се наведува и дека меѓу владата и бектeшката заедница од Тетово продолжиле разликите околу регистрацијата на верската група.

-Заедницата нема повторно поднесено апликација за регистрација од 2000 година поради загриженост од промена на името, што ќе биде закана за постоењето на групата, се вели во извештајот.

Се додава дека членови на бектешката заедница  повторно пријавиле напади од владини и претставници од друга ривалска група која сакала да го презеде нивното седиште лани во август, и дека светскиот бекташки лидер апелирал до владата за заштита на слободата на бекташите од Тетово и да се одговори на провокациите и заканите кон нив изнесени во социјалните медиуми.

Други проблеми нотирани во извештајот се спората и некомплетна денационализација на државниот имот, фаворизирањето на некои верски групи и акредитација на верските школи „иако овие школи, раководени од МПЦ-ОА и ИВЗ, останаа нерегистрирани, со што студентите од тие школи беа спречени да се запишат во секуларни универзитети“.

Извештајот нотира и дека првенците на ИВЗ изјавиле дека односите со владата продолжиле да се подобруваат, но дека владата продолжила да покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА.

Се укажува и дека меѓуагенциската работна група оформена во 2021 година продолжила со разгледување на амандмани во законот да се овозможи индивидуални цркви и џамии да добијат статус на правни лица, долгогодишно барање на МПЦ-ОА и ИВЗ во Северна Македонија.

Медиумите известиле дека лани се случил инцидент на вандализам против еден манастир лоциран во област со муслиманско мнозинство и 13 инциденти на кражба од цркви, манастири и џамии. МПЦ-ОА и ИВЗ не сметале дека кражбите и вандализмот имаат верска основа.

Се посочува и дека американскиот амбасадор во Северна Македонија, Анџела П. Агелер, и други американски дипломати дискутирале со владини претставници за меѓуверскиот дијалог и важноста од толеранција и разбирање меѓу разните верски групи. Дискусии имало и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со градоначалници и други службеници. Со парлементарците се дискутирало за денационализација на имотот на црквите и џамиите, и за амандмани за средните училишта вклучително и за акредитација на верските училишта.

Од Амбасадата на САД се сретнале и со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски македонски г-н Стефан и лидерот на ИВЗ, реис Шакир Фетаху а за дискусија на религиските слободи , вклучително и наводната фаворизација кон некои религиски групи.

Tags: верски слободиизвештајСеверна МакедонијаСтејт Департмент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ