• Latest

(ВИДЕО) Обраќање на претседателот Пендаровски на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“

May 16, 2023

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

(ВИДЕО) Обраќање на претседателот Пендаровски на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“

May 16, 2023 17:43
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани присутни,

Драги пријатели,

Чест ми е да ве поздравам во пресрет на 21 мај – Светскиот ден на различностите. Оваа конференција организирана од ЦИВИЛ ни дава можност да се осврнеме на некои од најважните прашања за Северна Македонија, а тоа се: какви се односите меѓу заедниците? Со какви предизвици се соочуваат? Кои се решенијата? Што е тоа што не плаши, а што ни дава надеж за иднината на нашиот клучен концепт – соживотот?

Вековната традиција на мултиетничка коегзистенција и почитување на различните од нас се наша важна стекната вредност. Најголем успех на државата е кога сите нејзини граѓани, независно дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци или припадници на други  етнички заедници, независно дали се христијани, муслимани, Евреи или атеисти ја чувствуваат како своја единствена заедничка татковина.

За жал, стагнацијата во европските интеграции, етнизацијата и партизацијата на политиката и на институциите доведоа до длабока поларизација во општеството. И денес сме, а и во иднина ќе бидеме исправени пред предизвикот: што да направиме за да ја подобриме состојбата?

Мојата прва теза е дека најповолни услови за мултиетничка кохезија нуди функционалната демократија. Во едно етнички, јазично и верски хетерогено општество, какво што е македонското, единствено функционалната демократија може да осигура заеднички живот за различните идентитети. Функционалната демократија овозможува хармонизирање на интересите, заедничко градење на политиките и обединување околу јавниот интерес.

Притоа, овој процес е двонасочна улица. Ако сме сите исти, тогаш немаме ништо уникатно да придонесеме, ниту нешто ново да научиме од другите. Затоа, колку што демократијата ја крепи различноста, толку различноста ја збогатува демократијата.

Мојата втора теза е дека и внатрешната кохезија и функционалноста на демократијата директно зависат од европските интеграции и од тн. европски вредности, кои, пак, имаат дополнително значење во нашиот специфичен домашен контекст.

За нас тие значат јакнење на демократските институции, но и создавање услови за просперитет на заедниците и на општеството во целина. Демократијата не може да се сведе само на гласањето на денот на изборите. Таа вклучува владеење на правото, функционалност на институциите, почитување на заедниците, колективна посветеност кон општото добро и деликатен баланс меѓу правата и одговорностите на секој нејзин граѓанин. А сето тоа се постигнува со превземањето на европските стандарди и вредности во секој сектор на државата и во секоја сфера на општеството.

Европските интеграции и вредности се важни и за регионот на Балканот каде што сеуште постојат ретроградни тенденции со деструктивен потенцијал кои во услови на бројни кризи, вклучително и војната во Украина, можат негативно да се одразат и врз нас.

Сведочиме дека опасните наративи за големи држави на Балканот сеуште се злоупотребуваат за мобилизирање на се поапатичните и се помалубројни гласачи во нашиот регион, особено во изборните години. На ваквите провокации на кои сме и ние изложени од време на време, одговорот е јасен – европските интеграции се единствената противтежа на сите оние кои се обидуваат да го поделат општеството, да ги свртат заедниците една против друга, за да можат да ги реализираат своите анахрони идеи.

Се разбира дека во овие времиња е неопходна и поголема решителност и јасна стратешка визија и на страната на Европската Унија, затоа што во услови на војна на континентот, јасно е, повеќе од кога било порано дека процесот на проширување не е бирократско, туку, пред сè, геополитичко прашање.

Почитувани присутни,

Со нашиот пристап кон градењето на односи на почитување и соработка меѓу различните етнички и верски заедници, ние сме позитивен пример не само за нашиот регион. Историското искуство не научи да не се плашиме од различните, туку да ја прифатиме и почитуваме различноста. Во сите наши државотворни акти, од Крушевскиот Манифест, па се до Рамковниот договор се провлекува суптилната нишка на инклузивност на различните етникуми. Нашиот модел на соживот надживеа државни системи и идеологии, војни, конфликти и бројни кризи, во меѓувреме.

Се разбира, тоа не значи дека имаме луксуз да живееме на стара слава. Работата е далеку од завршена, затоа што прашањето на меѓуетничка кохабитација никогаш не можете да го архивирате како дефинитивно одговорено. Ни треба многу поголема политичка и институционална поддршка за помалубројните етнички заедници со цел да го зајакнеме специфичниот македонски модел на соживот. Наспроти некои толкувања, Рамковниот договор не е само македонско-албански договор, туку е договор за сите. Договорот подразбира целосна интеграција во институциите на државата не само на Албанците, туку и на сите етнички заедници во Северна Македонија, независно од нивната бројност.

Во тој контекст, многупати досега имам кажано дека внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот, вклучително и на Бугарите, нема да ја загрози безбедноста на државата, ниту ќе ја разниша нашата внатрешна стабилност. Токму затоа го поддржав процесот за уставни измени и делегирав свој претставник во работното тело.

Убеден сум дека колку сме поразлични, толку е поширок хоризонтот на можности. И сето тоа зависи само од нас и од нашата подготвеност да ја прифатиме различноста како општо добро.

Драги пријатели,

За жал, сведоци сме дека во некои делови од државата, различните заедници не живеат заедно, туку едни покрај други. Подобра интеграција, со почитување на различностите, не може да се постигне само со политичките процеси. Верувам дека промените во таа насока треба да почнат од најмлада возраст, во образовниот процес кој треба многу повеќе да ги промовира заедничките вредности.

Факт е дека според личните идентитети сме различни, но, треба да бидеме обединети околу она што сакаме да го постигнеме и што ниту еден од нас индивидуално и ниту една заедница не може да го постигне засебно. Тука мислам на многу посилен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина во која ќе постојат услови секој од нас да ги реализира своите амбиции, а, при тоа, да не изгуби ништо од своите лични, етнички, верски или професионални белези.

Ви благодарам.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ