Кандидатот за бугарски премиер на втората по големина пратеничка група од коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), академик Николај Денков, денеска на претседателот Румен Радев му го достави вториот пополнет мандат за формирање влада, пренесува БНТ Њуз.
Заедно со Денков во „Дондуков“ 2 дојдоа и копретседавачите на коалицијата – Кирил Петков, Атанас Атанасов, Христо Иванов, Владислав Панев.
По напуштањето на претседателската канцеларија, Николај Денков најави дека е сам, без Марија Габриел, бидејќи го добил мандатот и согласно тоа мора да го врати исполнет. Првиот приоритет со кој ќе се зафати редовната влада е подготовката на целосно нов буџет за државата.
-Мислам дека сите треба да ја смириме ситуацијата за да знаат луѓето дека кабинетот, Народното собрание и претседателската институција работат заедно за да може земјата да се развива во корист на луѓето и бизнисот, рече академик Денков при доставувањето на папката со ипополнетиотмандат.
„Тоа што го очекуваме од Вас е да донесете указ за нова влада, тој да се изгласа во Народното собрание, и доколку собереме мнозинство потоа непречено да ја пренесеме власта како што налага Уставот, му рече кандидатот за премиер на претседателот.
Претседателот Румен Радев само два часа откако коалицијата ПП-ДБ го врати исполнет вториот мандат го донесе указот за формирање на кабинет, пренесува БНТ.
Претходно денеска претседателот на Собранието Росен Желјазков изјави дека е подготвен утре да свика вонредна седница на Народното собрание, за да се гласа за кабинетот „Денков-Габриел“.
Подготви: Д. Мишев