• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Мирен викенд на северот на Косово; Ескобар со „поблага“ реторика кон Курти; 24 години од ослободувањето на Косово

June 12, 2023

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Видеото од тортурата врз транс жената Сара Милереј ја шокираше Колумбија, но убиствата не застанаа тука

August 6, 2025
Фото: Укринформ

Литванија бара помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана откако втор дрон ја премина границата

August 6, 2025

Урбаната приказна што недостасува

August 6, 2025
Фото МИА

Молдавска политичарка осудена за финансирање партија со руско влијание

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Мирен викенд на северот на Косово; Ескобар со „поблага“ реторика кон Курти; 24 години од ослободувањето на Косово

June 12, 2023 11:47
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На северот на Косово во текот на викендот, за разлика од последните две недели, е мирно, според косовските медиуми. Од САД, односно нивниот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се забележува поблага реторика што се однесува до косовскиот премиер Курти, за разлика од претходниот период. За овие, и неколку други теми од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, во прилогот во продолжение.

КОСОВО

Клан Косова – Состојба на северот: Мирен викенд во општините со српски демонстранти

„За разлика од последните две недели, на вториот ден од викендот овде не се забележани српски демонстранти. Одвреме-навреме се гледаа граѓани кои излегле на прошетка. Надвор од зградата на општината не беа забележани полицајци, освен неколку припадници на унгарскиот КФОР.

Нивните австриски соседи беа многу позафатени и униформирани во Звечан. Демонстранти имаше повеќе, бидејќи поставија и транспарент на кој пишуваше „Звечан е вечен“. Други во сенка го поминуваа времето играјќи карти. И во Лепосавиќ цел ден беше мирно.“, пренесе Клан Косова.

РТВ 21 – САД го омекнуваат односот кон Курти/Ескобар: Курти е наш партнер, иако понекогаш е тежок

Американскиот емисар за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа зборуваше за односите со премиерот на Косово Албин Курти. Ескобар рече дека Курти е „партнер на САД, иако понекогаш тоа е тежок партнер“. „Господинот Курти е наш партнер. Понекогаш тој е тежок партнер, но тој е партнер. Косово е наш партнер. Србија е наш партнер. Значи, во иднина сакаме да имаме корист од добрите односи што ги имаме со Косово и од подобрувањето на односите што ги имаме со Србија“, рече Ескобар, пренесе РТВ 21.

РТК – Лајчак за резултатите од посетата на Приштина и Белград: Се надевавме на повеќе

Мирослав Лајчак, емисарот на Европската унија (ЕУ) за дијалогот Косово-Србија  ги посети Косово и Србија заедно со Габриел Ескобар, американскиот претставник за Западен Балкан, во време кога северот на Косово се соочува со политичка и безбедносна криза.

Во однос на посетите,  овие  Лајчак вели дека се надевал на повеќе. Сепак, за се што ќе каже ќе поднесе извештај до земјите од Европската Унија.

„По неколку дена на пат, се враќам во сончевиот Брисел. Оваа недела ги посетив Приштина и Белград заедно со американскиот заменик помошник секретар и пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. Патувавме во регионот со цел да се осврнеме на тензичната ситуација на северот на Косово, која сите ја видовме во текот на минатата недела, и да го истражиме потенцијалот за политичко решение“, напиша Лајчак, пренесе РТК.

Зери: 24 години од ослободувањето на Косово

„Денеска се навршија 24 години откако Косово беше ослободено од српските паравоени сили и точно на денешен ден беа распоредени 50 илјади војници на НАТО, а со нив и привремената управа на Обединетите нации.“, пренесува Зери.

Албеу – Албанските иселеници во фокусот на британската влада: Не се загрозени во својата земја, доаѓаат од економски причини

„Албанските имигранти во Велика Британија веројатно нема да бидат во опасност во нивната земја или да имаат потреба од азил, соопшти меѓупартиска група пратеници.

Сепак, треба да се направи повеќе за поддршка на албанските жртви на шверц на луѓе, особено на жени, рече Одборот за избор на внатрешни работи.

Во извештајот објавен во понеделникот, фокусиран на Албанија, Комитетот рече дека нема јасна основа ОК да прифати илјадници барања за азил од албански државјани.“, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Ледениот и Френки ја осудуваат Србија

„Франко Симатовиќ, наречен „Френки“, подреден на Станишиќ, беше првиот креатор на паравоени формации во поранешна Југославија, во Хрватска. Под директива и команда на Државната безбедност тогаш беа формирани сите злогласни паравоени единици, од оние на Аркан до „Громовите“. По осум години убиства и насилство низ поранешна Југославија, овие единици, предводени од  „Црвените беретки“ на Френки пристигнаа во Косово за да го извршат најголемиот масакр врз цивилното население, особено во рок од 78 дена од бомбардирањето на НАТО.“, пишува Ветон Сурои во колумната „Ледениот и Френки ја осудуваат Србија“, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ