• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Претставници од КВИНТА се сретнаа со Курти; Вучиќ ја намали воената готовност на српската армија; Бегај го свика Советот за Безбедност

June 13, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Претставници од КВИНТА се сретнаа со Курти; Вучиќ ја намали воената готовност на српската армија; Бегај го свика Советот за Безбедност

June 13, 2023 11:36
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на групата на најмоќните пет држави во светот, КВИНТА, денеска се сретнаа со косовскиот премиер Албин Курти. Косовските медиуми известуваат дека по средбата, амбасадорите не им се обратиле на медиумите. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговорил на барањата на САД и КВИНТА за намалување на воената готовност на српската армија.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Блиц: Амбасадорите од КВИНТА се сретнаа со Курти, нема изјави за медиумите

„Заврши средбата на Албин Курти со амбасадорите на земјите од КВИНТА. По завршувањето на средбата, амбасадорите не зборуваа за медиумите.

Ова е една од ретките средби кога претставниците на петте најмоќни земји во светот акредитирани во Приштина толку рано одат на средба со кој било косовски лидер.“, пренесе Газета Блиц.

Бота Сот: Вучиќ одговори на барањата на САД и КВИНТА за намалување на воената готовност на српската армија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на барањата на САД и КВИНТА за намалување на воената готовност на српската армија.

Ваквата одлука Вучиќ ја донесе  по тензиите на северот кога Владата на Косово испрати припадници на специјалната единица кај градоначалниците на општините во нивните канцеларии.

„Ние преминавме од состојба на повисока готовност, на пониско ниво на подготвеност за војна. Но, сè уште имаме значителен број сили и доволно да помогнеме на нашиот народ, луѓето треба да го знаат ова“, рече Вучиќ синоќа во ТВ емисија во Србија, пренесува Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Сајбер напади/ Претседателот Бегај денеска го свика Советот за национална безбедност

Советот за национална безбедност денеска во 12 часот ќе заседава за состојбата со сајбер безбедноста во Албанија.

„Свикувањето на состанокот на Советот за национална безбедност има за цел да ја анализира моменталната состојба на сајбер безбедноста, предизвиците и заканите со кои се соочуваме на овој план. Одговорните институции ќе го информираат Советот за национална безбедност за преземените мерки за зајакнување на сајбер одбраната при имплементација на препораките дадени од состанокот на Советот за национална безбедност, во месеците октомври 2022 и јануари 2023 година“, се вели во соопштението. од страна на прес-службата на претседателството, пренесе Топ Чанел.

Панорама: Избори за нов лидер на ДП на 29 јули, кој е првиот кандидат кој влезе во трка

„Ѓерѓ Хани е првиот кандидат кој влезе во трката за шеф на Демократската партија. Тој изјави дека е свесен дека тоа мора да биде лесен пат, бидејќи вистината никогаш немала таков пат.“, пренесе Панорама.

КУЛТУРА

Топ Чанел: 96-годишна занаетчика/Албанка од Тузи, Црна Гора, која создава Џублети

„Толе Беришај, од регионот на Туз во Црна Гора, продолжува секојдневно да работи на подготовка на Џублети и чакшири. 96-годишникот има живот посветен на националната облека.

Мајка Толе е и последната занаетчика која освен што ја зачува нашата историја, прави традиционална облека како некогаш.

96-годишната жена одлучила својата страст и својата уметност да ја пренесе на само една доверлива личност, нејзината внука, под услов да прави сè со рака.

Толе Беришај е одликуван со почесни титули од Албанија, Црна Гора и Косово“, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Талентот на италијанскиот турбо-фолк

„Владимир Путин, кој на Берлускони му подари 20 шишиња вотка за неговиот роденден (според Берлускони), објави дека чувствува „голема болка“ поради смртта на поранешниот италијански премиер. Тие беа пријатели. И како пријател на рускиот диктатор, Берлускони рече дека Путин бил prisilen да ја започне војната против Украина. Тоа не беше единствената апсурдна изјава на Берслукони во врска со Русија на Путин. Како политичар, Берлускони ја карактеризираше и промени Италија, но често не на подобро. Неговиот придонес како популист се протега и на јазичното поле: „бунга-бунга“ – така Берлускони ги опиша некои забави, кои, според обвинителството, најчесто биле поттикнување на проституција со малолетни девојчиња.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Талентот на италијанскиот турбо-фолк’, објавена во Коха.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ