• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: САД бараат безусловно ослободување на косовските полицајци; ЕУ чека од НАТО прибирање факти за случајот; во Тирана протести за поддршка на Косово

June 16, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: САД бараат безусловно ослободување на косовските полицајци; ЕУ чека од НАТО прибирање факти за случајот; во Тирана протести за поддршка на Косово

June 16, 2023 10:00
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

САД синоќа побараа безусловно ослободување на косовските полицајци од Србија, додека ЕУ чекаат прибирање факти за случајот поради двете контрадикторни приказни од српската и косовската страна. Во Тирана денеска протести за поддршка на Косово и отчет на Рама.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

РТВ 21: САД бараат безусловно ослободување на косовските полицајци

„Портпаролот на Стејт департментот , Метју Милер, во синоќа  изјави дека Србија треба безусловно да ги ослободи тројцата припадници на косовската полиција, кои беа приведени од српските сили на 14 јуни.

„Сметаме дека Косово и Србија треба да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата“, изјави Милер за медиумите, пренесува РТВ 21.

Арбреш: Во Тирана Денеска протест  за поддршка на Косово: „Вчера, денес, утре, засекогаш заедно“

Денеска во Тирана ќе се одржи протест за поддршка на Косово за состојбите низ кои минува.

„Вчера, денес, утре, засекогаш заедно“, е повикот што на социјалните мрежи  се упатува до граѓаните, за утрешниот протест пред премиерот во 19 часот.

Оваа иницијатива беше поттикната за поддршка на Косово, како и изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за откажување на средбата на двете влади, пренесува Арбреш.

Радио Косова е Лире – Лајчак: Чекаме НАТО да ги собере фактите бидејќи имаме две контрадикторни приказни

„Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, во кратката изјава за „Геопост“ во врска со киднапирањето на тројца косовски полицајци на територијата на земјата, рече дека чекаат КФОР да ги доставиме информациите.

„Чекаме НАТО да ги собере фактите, побаравме од двете страни да ги изнесат фактите бидејќи имаме две контрадикторни приказни“, рече тој. На следното прашање дали имаат информации каде се наоѓаат косовските полицајци, неговиот одговор беше: „Во контакт сме со двете страни“.“, пренесе Радио Косова е Лире.

РТК: Независната комисија за медиуми  ќе расправа  за суспензијата на лиценцата на Клан Косова

„Независната комисија за медиуми соопшти дека е известено дека вчера Агенцијата за регистрација на бизниси го суспендирала деловниот сертификат на трговската компанија „Клан Косова“ ДОО.

Од КПМ најавуваат дека ќе се осврне на ова прашање на состанокот во петок, 16.06.2023 година.

Министерството за индустрија, претприемништво и трговија, претходно соопшти дека поднело кривична пријава во Одделот за тешки криминали при полицијата на Република Косово, против Трговското друштво „КЛАН КОСОВА“ ДОО, одговорните службени лица од Агенцијата за регистрација на бизниси и одговорните лица на компанијата, под сомнение за злоупотреба на службената должност, како и злоупотреба на економски овластувања.“, пренесе РТК.

Флака: Жестока дебата за Косово во албанскиот парламент

„На пленарната седница на Собранието на Албанија се одвиваше жестока  дебата за ставот на албанската влада кон Косово.

Пратениците од опозицијата побараа присуство на премиерот Еди Рама во Собранието, за да даде отчет за откажувањето на средбите на двете влади и нацртот за Заедницата на општините со српско мнозинство на северот на Косово.“, пренесе Флака.

КОЛУМНА

Коха: Што тргна наопаку во бриселскиот дијалог

“Со прифаќање на одбивањето на Србија да го потпише Основниот договор од Брисел од 27 февруари 2023 година, се чини дека процесот се фокусира само на прашањата за кои Република Србија сака да разговара и кои бараат жртви само од Република Косово. Целиот процес, вклучително и германско-француската иницијатива за основен договор, се чини дека е трансформиран во машина за притисок врз Косово да ги прифати барањата на Србија, целосно игнорирајќи го наводниот баланс на бриселскиот основни договор.“, пишува професорот по меѓународно право и меѓународни уставни студии на Универзитетот во Кембриџ, Марк Велер,  во опширната анализа насловена „Што тргна наопаку во Бриселскиот дијалог“, објавена во Коха на англиски и албански јазик.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ