• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Граничните премини Јариње, Мердар и Брњак сè уште блокирани; КФОР подготвени за интервенција; Атлантскиот совет во Вашингтон ќе заседава за Косово и Србија

June 20, 2023

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Граничните премини Јариње, Мердар и Брњак сè уште блокирани; КФОР подготвени за интервенција; Атлантскиот совет во Вашингтон ќе заседава за Косово и Србија

June 20, 2023 11:01
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми известуваат дека и денеска продолжуваат блокадите на граничните премини Јариње, Мердар и Брњак, а од КФОР навестија дека се подготвени за интервенција доколку се повторат насилствата на северот на Косово.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РТК: Сè уште блокирани граничните премини Јариње, Мердар и Брњак

„Од Националниот центар за гранично управување информираат дека продолжуваат да се блокирани граничните премини Јариње, Мердар и Брњак. Министерството за надворешни работи на Косово повика да се користат и други гранични точки.“, пренесе РТК.

ФаксВеб – Командантот на КФОР известува за Север: Нестабилна состојба! Подготвени сме да интервенираме доколку има акти на насилство

Командантот на КФОР, Анџело Ристуча, во понеделникот вечерта на конференција за медиумите зборуваше за ескалацијата на тензиите на северот на Косово.

За време на конференцијата тој изјави дека силите на НАТО во Косово се подготвени да се соочат со секаква ситуација доколку актите на насилство слични на неодамнешните состаноци го загрозат мирот.

„Тука сме за да избегнеме влошување на ситуацијата и да ги намалиме зголемените тензии. Така што единствено што можам да кажам е да ги поканам двете страни да ги преземат сите мерки, сите неопходни мерки за деескалација на ситуацијата. На сите луѓе на Косово, без разлика на нивната вера, етничка припадност, култура, не им треба ситуацијата дополнително да се влошува“, изјави шефот на КФОР, пренесе Факс Веб.

Клан Косова: Ескобар и Лајчак денеска разговараат за дијалогот Косово-Србија во Атлантскиот совет

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак денеска ќе одржат дискусија во Европскиот центар на Атлантскиот совет во Вашингтон за дијалогот Косово- Србија. Настанот ќе се одржи виртуелно денеска, 20 јуни, околу 15:00 часот, пренесе Клан Косова.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб- „Над 1.000 имигранти влегле во Британија за 72 часа“, алармира пратеникот на ДП за депопулација на Албанија: Потребни се брзи и драстични мерки!

„Пратеникот на Демократската партија, Дашнор Сула, уште еднаш го привлече вниманието за масовното иселување и на тоа што државата се празни.

Сула додаде дека околу 1.000 луѓе влегле на британска територија од Ла Манш за 72 часа и иако не се сите албански државјани, бројките и понатаму се алармантни.“, пренесе Балкан Веб.

КОЛУМНА

Бота Сот: Жозеп Борел посредник или мисионер на ЕУ?

„Никој подобро од самиот Борел не требаше да ја разбере оваа „дисонанца на звуците“ и оваа теорија на дипломатската игра. Односно, Борел, покрај тоа што беше министер за надворешни работи на Шпанија, беше и професор на Универзитетот во Мадрид, во две научни области кои меѓу другото имаат врска со Статистика и Веројатност. Неговиот избор во дијалогот, наспроти сите елементарни закони на веројатноста, сигурно го поттикна да одговори на многу прашања.“, пишува авторот проф. Д-р Зија Леши во колумната „Жозеп Борел посредник или мисионер на ЕУ?“, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ