• Latest

Герасимовски: Општина Центар креира добри практики и позитивна атмосфера за развој на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата

June 22, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Герасимовски: Општина Центар креира добри практики и позитивна атмосфера за развој на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата

June 22, 2023 12:13
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Општина Центар во своето дејствување креира добри практики и позитивна атмосфера за развој на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата на локално ниво во сите сектори, вели градоначалникот на Општина Центар меѓу другото, на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“, што се одржа на 19 јуни 2023, во организација на ЦИВИЛ во соработка со општина Центар, како дел од проектот „Заедно за подобра иднина“.

„Добредојдовте на денешната граѓанска средба во нашата општина. Општина Центар е поддржувач на стратегиите за работа на ЦИВИЛ –Центар за слобода, и затоа денеска, со задоволство сум домаќин на овој јавен настан, каде што со заедничка инволвираност на сите засегнати организации и институции, поединци и медиуми, ќе говориме за важна тема која има за цел да го подобри дијалогот меѓу заедниците, и заеднички да влијаеме за подобро мултикултурно општество.

Општина Центар в о своето дејствување креира добри практики и позитивна атмосфера за развој на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата на локално ниво во сите сектори. Позитивен пример е нашата континуирана соработка со граѓанскиот сектор и финансиската поддршка на здруженија на граѓани, и фондации. Оваа година го зголемивме буџетот, а тоа значи зголемен број проекти, и програмски активности од широк интерес за заедниците од различни групи на дејствување. “, рече градоначалникот Герасимовски во својот воведен говор.

Герасимовски се осврна и на работата на Општина Центар во однос на инклузијата на децата Роми во образовниот систем во самата општина.

„Општина Центар, во соработка со ромскиот Едукативен центар и Министерството за труд и социјална политика, повеќе од десет години успешно го спроведува проектот “Инклузија на децата Роми“ во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, во општина Центар, и ова е уште еден позитивен пример за рушење на бариерите и градење мостови на еднаквост, прифаќање и разбирање на различностите уште од  најрана возраст“, посочи Герасимовски.

Д. Тахири

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Герасимовскиграѓански дијалозимултикултурализамопштина центарЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ