• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ОЈО под кодно име „Феникс“ започна истрага за „Скопје 2014“, Ковачевски посочи неколку надлежни институции за истрага во случајот„Соравија“, СДСМ оптимисти дека ќе се отвори Уставот

June 30, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ОЈО под кодно име „Феникс“ започна истрага за „Скопје 2014“, Ковачевски посочи неколку надлежни институции за истрага во случајот„Соравија“, СДСМ оптимисти дека ќе се отвори Уставот

June 30, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во предметот „Феникс“,  првосомничен во случајот е поранешниот премиер Никола Груевски, второосомниочен е ексвицепремиерот и министер за финансии во неговата влада Зоран Ставрески, а на листата се и поранершната министерка за култура Елизабета Канческа –Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар – Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев. Меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми.

Кривичните дела на кои се однесува оваа истрага се злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Обвинителот Љубомир Лапе денеска презентираше детали за случајот при што рече дека „Скопје 2014“ е сложен предмет, а оваа истрага се однесува само на 11 споменици меѓу кои фонтаната со „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“. Меѓу останатите споменици се и „Цар Самуил“, „Никола Карев“, споменикот АСНОМ, Лавовите на мостот Гоце Делчев и други.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Финансовата полиција треба да постапат во согласност со нивните надлежности во случајот со продажбата на деловната зграда „Соравија“, како што постапуваат за секој друг случај за кој што постои сомнеж. Дали некој на 24 години се стекнал со сопственост тоа е нешто не е поврзано со годините, меѓутоа начинот на кој што кој било се стекнал со сопстевност, доколку постои сомнеж за тоа, а вие имате сомнеж, тоа се проверува институционално. При ваква трансакција Управата за финансиско разузнавање е обрзана да го провери текот на парите исто како и за сите други трансакции со вакви износи. Сите трансакции на фирмите кои се вклучени во ваква аквизиција се проверуваат во УЈП и во Централниот регистар за да се провери плаќањето на соодветените даноци. Исто така треба и УЈП и Централниот регистар соодветно да постапат при една ваква трансакција“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, одговарајќи на пратенички прашања.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Платеничката војска Вагнер на Евгениј Пригожин продолжува да регрутира борци низ Русија и по воениот бунт што беше организиран во саботата, пишува Би-би-си. Новинари на Би-би-си од руски број се јавиле во регрутните центри на Вагнер низ Русија, а тамошни вработени потврдиле дека истите работат нормално.

*

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговараше со шведската активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг за штетата по животната средина која ја предизвика војната на Русија против таа држава.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Косово прогласи две српски организации за терористички; САД реагира за некоординираност; Курти излезе со осум предлози за надминување на ситуацијата

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Постапката за уставни измени ќе влезе во Собрание за 10 до 15 дена, од СДСМ оптимисти дека ќе биде отворен Уставот

МВР Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера во Скопје уапсиле пет лица за злоупотреба на службена должност и за перење пари.

ГРАД СКОПЈЕ Разрешен е в.д директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Саид Саид, а на негово место сега за нов в.д директор е назначен Ќамил Ковачи. Оваа информација попладнево ја соопшти Град Скопје.

АНАЛИЗИ

Иако има информации дека руската парамилитарна група „Вагнер“ дејствува во регионот, има база во Белград и дејствува во северниот дел на Косово, но и во Северна Македонија, сепак, властите и безбедносните експерти велат дека нашата земја, сега, како членка на НАТО, не е изложена на ризик..

Повеќе во анализата на Дестан Јонузи „Може ли „готвачот на Путин“ од „Вагнер“ да го загрози мирот во Северна Македонија и во регионот?!“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Така вчера сведочевме на собир пред МПЦ заради поводот против „законот за родова рамноправност“, така што, во „свеста на конзервите“ ќе се редефинирало семејството помеѓу мажот и жената (каква гадна лага и претенциозност!), а во суштина тоа беше протест за промена на Европскиот пат (и она кое тој европски пат го симболизира) и ненормално-досадното „време е за предвремени избори“. Од друга страна, денес трагедијата во оваа земја е тaa што стана толку очигледно во актуелниот момент, а тоа е што средновековни прашањата се трансфер кој во најголема мера може да ја мобилизира македонската јавност“, пишува Ненад Јовановиќ во „Зошто МПЦ мобилизира јавност на средновековни прашања?“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникУставФеникс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ