• Latest

Македонија од денеска претседава со ПСЈИЕ: Премостување поделби, градење доверба

July 1, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонија од денеска претседава со ПСЈИЕ: Премостување поделби, градење доверба

July 1, 2023 12:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот за соработка во Југоисточна Европа  (ПСЈИЕ) претставува одлична платформа за политички дијалог, каде регионалните прашања може да бидат адресирани на највисоко ниво, а со тоа да се отвори патот за што поскора европска и евроатлантска интеграција на регионот во ЈИЕ, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција по повод почетокот со претседавање на нашата држава со ПСЈИЕ.

Мотото на претседателството е „Премостување поделби, градење доверба“, со вклучување на приоритетите за помирувањето, регионалната соработка и забрзување на евроатлантските интеграции.

Заради навремена, координирана и успешна подготовка и реализација на претседавањето, Владата ќе формира меѓуресорска работна група, која ќе ја раководи и координира МНР, и која ќе дефинира програма и агенда на активности и ќе биде одговорна да ги спроведува во текот на едногодишното претседавање.

Мојата цврста заложба, која ја промовирам и во својство на претседавач со ОБСЕ, е заеднички да отвориме пат на можности коишто ги нудат дијалогот, исчекорот во однос на минатото, и надминување на отворените прашања.  Северна Македонија веќе го предводи овој пат преку Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Преспанскиот договор, како и решението за деблокирање на нашиот европристапен пат од минатиот јули, како доказ за нашата посветеност кон оваа оригинална европска кауза, истакна Османи.

ПСЈИЕ, потсети шефот на македонската дипломатија, е основан 1996 година, и претставува најсеопфатен формат во регионот со оглед дека е единствениот Форум којшто ги вклучува сите 13 држави од ЈИЕ: Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Молдавија, Словенија, Косово.  Поголемиот дел се членки на НАТО, дел се членки на ЕУ, дел се кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ.  Еден од ретките процеси којшто има оперативно тело – Советот за регионална соработка со седиште во Сараево.

Северна Македонија претседавањето го презема паралелно со две други претседавања, ОБСЕ и Јадранската повелба, т.н. А5, и како што рече Османи претставува голема чест, но не помалку и одговорност во која ги насочуваме сите капацитети на МНР.

Регионот во моментов се соочува со три исклучително важни, одвоени, а сепак испреплетени процеси. Едно е потребата од неодложива интеграција во ЕУ, за што можам да констатирам дека гледаме досега невидена динамика во ЕУ по однос на забрзување на овој процес, за што може да зборуваме понатаму. Потоа комплексната геополитичка слика на европскиот континент поврзана со руската воена агресија во Украина и нерешените билатерални прашања во регионот. Сите три елементи, директно влијаат врз динамиката на севкупните движења во регионот, додаде Османи.

Во иницијалните размислувања за нашето претседавање, дополни министерот, сфативме дека и покрај тоа што регионот напредувал значително во смисла на политичката, економската соработка и интеграција, сепак актуелните предизвици, нерешените спорови во регионот, не враќаат на базичните принципи врз коишто е формиран Процесот за соработка во ЈИЕ и нејзината повелба од 2000 година: доборососедските односи, стабилноста, безбедноста и соработката како и тежнењето кон интеграција во евроатлантското семејство на слободни и демократски нации.

Сите овие елементи, потенцираше тој, се важни и применливи и денес.

null

Останати приоритети на нашето претседавање ќе бидат: Зајакнување на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеење на правото, антикорупцијата, безбедноста и стабилноста, Почитување на меѓународниот поредок заснован на правила, Справувањето со предизвиците од климатските промени и поттикнување на зелен раст, Заедничко градење на трансевропски транспортни коридори, Одржлив развој во регионот преку поттикнување на трговијата, инвестирање во човечки капитал, зајакнување на конкурентноста во приватниот сектор итн, и Стимулирање на дигиталната трансформација фокусирана на човекот, развивање на дигитални вештини и забрзана дигитализација на индустријата и јавните услуги.

Шефот на дипломатијата е убеден дека ќе има плодна соработка со Советот за регионална соработка како оперативен орган на иницијативата и оти претседавањето со ПСЈИЕ ќе биде можност за натамошна афирмација на Северна Македонија.

Овој процес, појасни, подразбира организација на поголем број состаноци на политичко и експертско ниво.  МНР како координатор на активностите има обврска да ги организира состаноците на МНР, два министерски состанока, состанок на тројката,  РССЕ, ЕК, како и да асистира во подготовка на Самитот на ниво на шефови на држави и влади којшто вообичаено е завршен настан на претседавањето. Ресорните министерства и другите државни институции ќе бидат одговорни во рамки на својот делокруг, да предложат и да организираат состаноци, конференции на политичко ниво или експертско ниво, согласно дефинираните приоритети.

Парламентот, исто така, ќе има обврска да го организира Пленарното заседание на Парламентарното Собрание на ПСЈИЕ, и е надлежно за состаноците на комитетите. 

Tags: ЕУинтеграцииМакедонијапретседавањеПСЈИЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ