• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: „Скопје 2014“ старо- нова играчка на ВМРО-ДПМНЕ; САД се стратешки партнери на Северна Македонија; крвавите пари на семејството Пригожин

July 4, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: „Скопје 2014“ старо- нова играчка на ВМРО-ДПМНЕ; САД се стратешки партнери на Северна Македонија; крвавите пари на семејството Пригожин

July 4, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Предметот „Феникс“ го растресе ВМРО-ДПМНЕ

Во фокусот на вниманието на јавноста, но и на политичарите, првенствено на актуелниот лидер на ВМРО –ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е предметот „Феникс“.

Мицкоски смета дека случајот „Феникс“ е  „театар пред јавноста“, и дека  со фрлањето сенка на идентитетските обележја, се негира македонскиот идентите, и им порача новинарите со камерите да одат до споменикот во Слупчане и таму да прашаат кој ја дал дозволата за градба и кој го финансирал. Од ДУИ реагираа со соопштение, во кое му порачаа наместо секој ден да потонува во анти – албански и анти -европски сентимент, да ја поддржи европска Македонија и уставните измени, и наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане.

„Легитимно е на овој народ Мицковски да му каже дали бил директор на ЕЛЕМ кога за себе а не за државата си ја изградил првата хидроцентрала и на колку години и со колку пари ја стекнал таа милионска инвестиција“, реагираше и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Истото прашање повеќе пати му го постави и Џабир Дерала во текот на изминатите неколку години. Одговор не дојде, ниту од Мицкоски, ниту од „белата палата“. Напротив, Дерала заработи две тужби од Мицкоски затоа што во медиумите со кои раководи е пренесен исказ на слична тема од други медиуми.

„За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребените 57 милиони евра на даночните обврзници за 11-те бисти, или речиси 700 милиони евра на „Скопје 2014“, не го оцрниле македонскиот идентитет, туку истрагата за тоа како се потрошени парите за овие важни симболи на македонската колективна меморија.“, пишува аналитичарот Џелал Незири.

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: САД се наш стратешки партнер  чија поддршка е исклучително ценета

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до САД по повод Денот на независноста во која посочува дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на земјава.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пресретнати пет беспилотни летала во близина на Москва, пренасочени летовите од Меѓународниот аеродром Внуково.

*

Политичката затвореничка и активистка Ирина Данилович ќе биде илегално депортирана од привремено окупираниот Крим во Русија.

*

Украинските сили остварија дополнителни придобивки кај Бахмут, има напредок и на јужното крило во областа Клишчијивка во Донецк.

*

Руската пропаганда лажира насловна страница на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo во обид да ја сокрие реакцијата на светот за вооружениот бунт во Русија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА Поранешната министерка за правда Рената Дескоска порача преку статус на Фејсбук Уставниот суд да го поништи новото упатство и да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција.

ЛИЦИТАЦИЈА Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу информира дека конфискуваниот имот на поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата.

ЗЕЛЕНИ Во последниве години, градовите i малите заедници ширум светот учествуваа во радикалната револуција – традиционалните натриумови светилки со висок притисок со портокалова нијанса се заменуваат со енергетски поефикасни, побели и посветли LED светла (диоди што емитуваат светлина).

ПОСЕТА Премиерот Димитар Ковачевски во четврток  ќе го пречека и ќе биде домаќин на албанскиот премиер, Еди Рама.

VOX POPULI

Анкета на Цивил во Штип: Со влез во ЕУ ќе имаме функционален систем кој носи подобар живот за сите

Граѓаните на Штип се оптимисти дека нашата држава ќе стане дел од европското семејство, бидејќи сметаат дека со влезот во ЕУ ќе завладее правото, еднаквоста, недискриминацијата, почитување на човековите права и слободи, пристап до квалитетни и ефикасни здравствени услуги, поквалитетно образование, подобар животен стандард и поголема економска сигурност.

АЛ-ПРЕС

Во Албанија од вчера престојува поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, а најзабележана беше неговата изјава во однос на тензиите на северот на Косово, кога ги нарече „глупост“, и порача да се прекине истата. Албанските медиуми продолжуваат да ја коментираат изјавата на Рама дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила својата мисија, и дека ќе се претопи во Берлинскиот процес, како и коментарот на српскиот претседател, Вучиќ, дека не е сигурен дека Рама го кажал токму тоа. Рама најави турнеја низ Балканските земји, на која планира средби и разговори за иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, според медиумите во Албанија – во редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АНАЛИЗА

„Потесно семејство на Пригожин не се обични пасивни корисници на неговото богатство. Минатата година, САД рекоа дека Полина, неговиот син Павел и неговата сопруга Љубов „играат различни улоги во деловното претпријатие на Пригожин“, кое има корист од „неговиот фаворизиран статус во руската елита“. Павел, според објавите на неговиот татко на социјалните мрежи, се борел со Вагнер во Сирија и бил награден со „црниот крст“ на Вагнер, сопствена награда за воена служба.“, се наведува во анализата „Коњи, уметност, приватни авиони: луксузниот живот со крвави пари на семејството на Пригожин“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„МПЦ-ОА, како после секој протест, треба да си ги собере „плодовите“ на омразата, иако не верувам дека има волја за такво нешто, а и залудно би било. Го „осоколија“ членството… ууупсс, се извинувам – верниците, и сега шират омраза на најјако.“, пишува Зоран Бојаровски во колумната „МПЦ-ОА да си ги прибере „плодовите“ на омразата“.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ