Предметот „Феникс“ го растресе ВМРО-ДПМНЕ
Во фокусот на вниманието на јавноста, но и на политичарите, првенствено на актуелниот лидер на ВМРО –ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е предметот „Феникс“.
Мицкоски смета дека случајот „Феникс“ е „театар пред јавноста“, и дека со фрлањето сенка на идентитетските обележја, се негира македонскиот идентите, и им порача новинарите со камерите да одат до споменикот во Слупчане и таму да прашаат кој ја дал дозволата за градба и кој го финансирал. Од ДУИ реагираа со соопштение, во кое му порачаа наместо секој ден да потонува во анти – албански и анти -европски сентимент, да ја поддржи европска Македонија и уставните измени, и наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане.
„Легитимно е на овој народ Мицковски да му каже дали бил директор на ЕЛЕМ кога за себе а не за државата си ја изградил првата хидроцентрала и на колку години и со колку пари ја стекнал таа милионска инвестиција“, реагираше и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
Истото прашање повеќе пати му го постави и Џабир Дерала во текот на изминатите неколку години. Одговор не дојде, ниту од Мицкоски, ниту од „белата палата“. Напротив, Дерала заработи две тужби од Мицкоски затоа што во медиумите со кои раководи е пренесен исказ на слична тема од други медиуми.
„За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребените 57 милиони евра на даночните обврзници за 11-те бисти, или речиси 700 милиони евра на „Скопје 2014“, не го оцрниле македонскиот идентитет, туку истрагата за тоа како се потрошени парите за овие важни симболи на македонската колективна меморија.“, пишува аналитичарот Џелал Незири.
Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ковачевски: САД се наш стратешки партнер чија поддршка е исклучително ценета
Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до САД по повод Денот на независноста во која посочува дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на земјава.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Пресретнати пет беспилотни летала во близина на Москва, пренасочени летовите од Меѓународниот аеродром Внуково.
*
Политичката затвореничка и активистка Ирина Данилович ќе биде илегално депортирана од привремено окупираниот Крим во Русија.
*
Украинските сили остварија дополнителни придобивки кај Бахмут, има напредок и на јужното крило во областа Клишчијивка во Донецк.
*
Руската пропаганда лажира насловна страница на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo во обид да ја сокрие реакцијата на светот за вооружениот бунт во Русија.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА Поранешната министерка за правда Рената Дескоска порача преку статус на Фејсбук Уставниот суд да го поништи новото упатство и да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција.
ЛИЦИТАЦИЈА Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу информира дека конфискуваниот имот на поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата.
ЗЕЛЕНИ Во последниве години, градовите i малите заедници ширум светот учествуваа во радикалната револуција – традиционалните натриумови светилки со висок притисок со портокалова нијанса се заменуваат со енергетски поефикасни, побели и посветли LED светла (диоди што емитуваат светлина).
ПОСЕТА Премиерот Димитар Ковачевски во четврток ќе го пречека и ќе биде домаќин на албанскиот премиер, Еди Рама.
VOX POPULI
Анкета на Цивил во Штип: Со влез во ЕУ ќе имаме функционален систем кој носи подобар живот за сите
Граѓаните на Штип се оптимисти дека нашата држава ќе стане дел од европското семејство, бидејќи сметаат дека со влезот во ЕУ ќе завладее правото, еднаквоста, недискриминацијата, почитување на човековите права и слободи, пристап до квалитетни и ефикасни здравствени услуги, поквалитетно образование, подобар животен стандард и поголема економска сигурност.
АЛ-ПРЕС
Во Албанија од вчера престојува поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, а најзабележана беше неговата изјава во однос на тензиите на северот на Косово, кога ги нарече „глупост“, и порача да се прекине истата. Албанските медиуми продолжуваат да ја коментираат изјавата на Рама дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила својата мисија, и дека ќе се претопи во Берлинскиот процес, како и коментарот на српскиот претседател, Вучиќ, дека не е сигурен дека Рама го кажал токму тоа. Рама најави турнеја низ Балканските земји, на која планира средби и разговори за иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, според медиумите во Албанија – во редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.
АНАЛИЗА
„Потесно семејство на Пригожин не се обични пасивни корисници на неговото богатство. Минатата година, САД рекоа дека Полина, неговиот син Павел и неговата сопруга Љубов „играат различни улоги во деловното претпријатие на Пригожин“, кое има корист од „неговиот фаворизиран статус во руската елита“. Павел, според објавите на неговиот татко на социјалните мрежи, се борел со Вагнер во Сирија и бил награден со „црниот крст“ на Вагнер, сопствена награда за воена служба.“, се наведува во анализата „Коњи, уметност, приватни авиони: луксузниот живот со крвави пари на семејството на Пригожин“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„МПЦ-ОА, како после секој протест, треба да си ги собере „плодовите“ на омразата, иако не верувам дека има волја за такво нешто, а и залудно би било. Го „осоколија“ членството… ууупсс, се извинувам – верниците, и сега шират омраза на најјако.“, пишува Зоран Бојаровски во колумната „МПЦ-ОА да си ги прибере „плодовите“ на омразата“.
Д. Тахири