• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средба Рама –Курти ќе има само ако се одржи откажаната седница на двете влади; КФОР негира дека Србија шверцува оружје во Косово; „Отворен Балкан“ – за и против

July 5, 2023

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средба Рама –Курти ќе има само ако се одржи откажаната седница на двете влади; КФОР негира дека Србија шверцува оружје во Косово; „Отворен Балкан“ – за и против

July 5, 2023 11:46
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанските медиуми во регионот и денеска преовладува темата „Отворен Балкан“, односно изјавата на еден од потписниците на Иницијативата, албанскиот премиер Еди Рама дека иницијативата ја завршила својата мисија, што медиумите ја толкуваат како завршеток на „Отворен Балкан“. Дилеми околу оваа изјава изрази српскиот претседател Вучиќ, кој рече дека не верува дека Рама кажал такво нешто, а медиумите констатираат дека од Северна Македонија се уште нема никаква реакција по изјавата. Во Косово се проблематизира шверцот со оружје, за што алармираше британската пратеничка Алиша Кернс, која тврди дека Србија шверцува оружје преку амбулантни возила и истото се испраќа во православните цркви, додека од КФОР велат дека нема докази за такви активности.

Во продолжение се сите теми од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Албеу – Рама со турнеја на Балканот, Курти го условува: Нема да се сретнам со него доколку не ја одржиме откажаната средба на двете влади

„Албанскиот премиер  Рама утре ќе престојува во Приштина од каде што ќе ја започне балканската турнеја како дел од подготовките за самитот за Берлинскиот процес што се очекува да се одржи во октомври.

Во таа насока, премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема да се сретне со  Рама доколку не ја одржат заедничката средба на двете влади, која беше откажана пред неколку недели.

Курти рече дека побарал од Рама средба на двете влади на потпишување на 13-те договори меѓу двете земји, притоа нагласувајќи дека секој изгубен ден е загуба за граѓаните“, пренесува Албеу.

Арбреш: Британска пратеничка вели  дека Србија шверцува оружје преку амбулантни возила, од КФОР велат дека  нема докази за тоа

Пратеничката во британскиот парламент, Алиша Кернс, алармираше за шверцот на оружје од Србија во Косово.

Кернс вчера (вторник) во британскиот парламент изјави дека Србија шверцува оружје преку амбулантни возила и истото се испраќа во православните цркви.

Од КФОР одговорија дека нема докази поврзани со наводниот шверц што се врши преку административната гранична линија меѓу Косово и Србија во православните цркви во амбулантни возила, пренесува Арбреш.

РТК – Мерки на ЕУ кон Косово, експертите вела дека  штетата ќе биде голема

„Мерките што ги најави ЕУ и кои почнаа да се спроведуваат во форма на санкции против Косово, се најлошото што може да и се случи на земјата. Економскиот експерт Сафет Герџалиу вели дека државата се наоѓа во многу критична точка и во реалност од која ќе биде многу тешко да се опорави во иднина“, пренесува РТК.

РСЕ: Нов предлог на ЕУ како „можност за проширување“

Поради неспроведување на барањата, ЕУ спроведува некои казнени мерки против Косово. Но, според косовскиот политички аналитичар Имер  Мушколај, оваа форма на дејствување не гарантира продолжување на ситуацијата.

„Сметам дека таквата форма на казнување нема да биде ефективна бидејќи не може да се придвижи напред кон проширувањето, се додека ЕУ, како олеснувач на дијалогот [Косово-Србија], не дава други предлози“, вели тој, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

АНАЛИЗА

Зошто заврши „Отворен Балкан“ и што произведе?

„По најавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за крајот на Отворениот Балкан, власта и опозицијата во Албанија, како и поранешните дипломати, со различни ставови за постигнувањата и причините за затворањето на регионалниот иницијатива, каде што освен Албанија, дел се и Србија и Северна Македонија.

За власта, иницијативата ја постигна својата цел, зошто беше создадена како поттик за Берлинскиот процес, а за опозицијата не постигна ништо, туку само нанесе штета на односите со Косово и и служеше на Србија.

Албанскиот премиер Рама прогласи затворање на Отворен Балкан, иницијатива која отвори силни дебати во Албанија, но и судири во односите со Косово. Тој на 1 јули изјави за Еуроњуз Албанија дека оваа иницијатива е родена за унапредување на Берлинскиот процес и, според него, оваа мисија е остварена.

Во врска со оваа изјава на Рама, претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека „не може да верува дека тој [Рама] рекол такво нешто“. Во меѓувреме, во Северна Македонија нема реакции на изјавата на Рама.“, се наведува во опширната анализа под наслов „Зошто заврши „Отворен Балкан“, објавена во Радио Слободна Европа, на албански јазик.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ