• Latest

Говорот на омраза посилен од атомска бомба

July 19, 2023

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Говорот на омраза посилен од атомска бомба

July 19, 2023 09:27
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пораките „Чиста Македонија“ и „Смрт за шпони“ веќе извесен период го „красат“ ѕидот на Домот на културата „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. На „културњаците“ очигледно не им пречат ваквите „мирољубиви“ пораки и затоа можеби не ги бришат. Ваквиот говор на омраза не соодвествува со пораките и заложбите на Рацин кои се однесуваат претежно за социјална правда, работнички права и љубов.

Фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Кај нас називот „шпон/и“ се користи за навредување на Албанците. Меѓутоа веројано голем дел од тие што го користат тој израз ниту знаат што значи зборот шпон. Дефиниција за шпон според македонскиот дигитален речник: Деланка, ситен остар отпадок, делче од некој материјал при неговата обработка или распрскување, обично при обработка на железо.

Примери: „Остар шпон му влезе во окото и го повреди“.

„При сечењето на цевката неколку шпонови му се залепија за нозете“.

„Еден дрвен шпон летна и му ја повреди раката“.

Говорот на омраза може да се најде буквално секаде. Посакување смрт за одредена група или заедница може да се слушне на протести/собири, на спортски натпревари, графити на ѕидовите, на јавните превози… Но, најизразено е на социјалните мрежи.

Јонче на Твитер пишува: „Таа ш*********а на шалтер под железничка, е најодвратнотонешто што постои на планетатва, све ù е**м!“.

Извесен Хасан Селмановски (од Охрид, со живеалиште во Дурен, Германија) на својот Фејсбук профил објави лаги, дезинформации, говор на омраза и потикнување дела од омраза кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Со неговите тенденциозни објави на Фејсбук очигледно сака да му наштети на честа и угледот на Дерала, но истовремено и на организацијата ЦИВИЛ.

На прашањето на ЦИВИЛ: Што е посилно од атомската бомба – говорот на омраза, национализмот или корупцијата?, кое беше поставено на на 05 јули 2023 година, има педесетина коментари кои во најголем дел граѓаните се согласуваат дека говорот на омраза прави иста штета како атомската бомба.

„Национализмот и говорот на омраза се најлошите работи за уништување на луѓето. Поделбата на едни и други и секојдневно ширење говор на омраза доведува до системско уништување на човештвото. Нема потреба од пуштање Атомска бомба кога ние самите се уништуваме. Паролата „раскарај и владеј“ е нај присутна во денешнината“, вели Зоран Карановски.

„Најопасни се национализмот и говорот на омраза, тие се причина за употреба на оружје, па и на атомска бомба“, вели Насер Ајдини.

„Национализмот и говорот на омраза доведуваат до човечки трагедии, низ историјата има безброј примери. Ми се чини дека брзо се забораваат. Зборовите на омраза се почеток на секое зло“, истакна Марко Цветановски.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и тоа треба да се искорени. ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството и бара од надлежните органи веднаш да почнат да ги санкционираат сите оние кои посакуваат различните од нив да ги „сотрат“… Нашата држава е демократска и има обврска да ја гарантира слободата и безбедноста на секој/а граѓанин/ка. Говорот на омраза не смее да се толерира!

Дехран Муратов

Tags: говор на омразаРацинЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ