• Latest

Богоев: Концептот за влез во ЕУ е македонизација, а не бугаризација – радикална структура во ВМРО-ДПМНЕ го искара Мицкоски зашто постигна договор за Уставот

August 9, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Богоев: Концептот за влез во ЕУ е македонизација, а не бугаризација – радикална структура во ВМРО-ДПМНЕ го искара Мицкоски зашто постигна договор за Уставот

August 9, 2023 12:15
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за ТВ21 кажа дека на дофат е Европската Унија, а во спротивно следува „бугаризацијата“.

– Во НАТО влеговме, и тогаш не плукаа предавници и слично, влеговме во НАТО. Сега ни е на дофат ЕУ. Сега овој чекор ако не го направиме, тогаш следува бугаризација. Што е бугаризација што ВМРО – ДПМНЕ ја зборува во континуитет. Бугаразација беше додека 11 години ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, зошто, затоа што во тие 11 години се извадени рекорден број на бугарски пасоши за македонски граѓани. Зошто, затоа што луѓето во очај си бараат подобра перспектива одеа во Софија, Пловдив, потпишуваа дека се чувствуваат како Бугари дека имаат бугарски корени, вели Богоев.

Според него, сега, ако македонските граѓани од сите етнички заедници видат дека не може да влеземе во ЕУ поради, како што истакна, инаетот на Мицкоски и Апасиев повторно ќе посегнат по бугарски пасоши и повторно ќе имаме бугаризација.

-Концептот што ние го нудиме за членство во ЕУ до 2030 година е концепт на македонизација, обратно од бугаризација. Македонски пасош, македонско државјанство, животот во Македонија да вреди. Ние нудиме концепт на македонизација и живот по европски стандарди во Македонија. А тие не туркаат во изолација, изолација значи бугаризација, луѓето во очај одат и вадат бугарски пасоши и се потпишуваат како Бугари. Таа е разликата меѓу нив и нас, заклучи Богоев.

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ21 повтори дека на лидерската средба бил постигнат договор во однос на уставните измени, како и дека „радикална структура во ВМРО-ДПМНЕ го искара Мицкоски зашто постигна договор за Уставот“

-Мицкоски излезе и го кажа, вели договоривме техничка Влада, барам да биде без ДУИ па после изгледа го искараа, има една структура внатре во ВМРО – ДПМНЕ порадикална која што условно кажано го влече за уши и го враќа во колосек кон националнизмот и кон закопување во ровови. Манифестот има за цел уште еднаш да даде гаранции дека преговорите ќе ги водиме сите заедно, транспаретно, ефикасно и ефективно затоа што ние заеднички таргет Македонија членка на ЕУ до 2030 година. Прилично амбициозна цел но не и нереална. Цел која може да се реализира доколку сите седнеме заедно и работиме заедно, вели Богоев.

Тој повика опозицијата да каже што е проблематично во предложениот манифест за преговори со ЕУ.

– Тоа што манифестот гарантира заштита на нашиот македонски јазик, култура и нациолна определба. Тоа ли е спорно? Што има спорно? Спорно ли е до 2030 да се потрудиме да станеме членка на ЕУ. Нека кажат што е спорно. Што е спорно во декларацијата лани што ја изгласавме во Собрание ? Не ја гласаа … Видете го парадоксот на ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ бара гаранции од ЕУ дека немало да има нови услови кои задираат во македонскиот јазик и идентитет, а што е резолуцијата на германскиот Бундестаг, донесе резолуција за Македонија, за посебност на јазик, култура, идентитет. Американскиот конгрес и Сенат септември месец го предлагаат како месец на билатералното пријателство со целосна серија на активности за признавање на македонската култура, јазик, идентитет, нација и посебност. Зборуваме за САД и за Германија. Овие сега сакале некаква гаранција, потенцира Богоев.

ЦМТ

Tags: БугаријаСеверна Македонијауставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ