• Latest
Фото: МИА

Јолевски: Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100

August 24, 2023
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јолевски: Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100

August 24, 2023 14:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителствата немаат доволно кадри. Се зборува за зголемување на администрација, а никој не кажува дека токму во судството се намалува администрацијата, истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на денешната изјава за медиумите по денешната седница на Советот во врска со разгледување и усвојување на Предлог проекцијата за буџетот на Советот и Стратешкиот план на Советот.

Тој исто така информираше дека во овој момент се чека од Министерство за Финансии и Министерство за информатичко општество да  одобрат за вработувања.

Јолевски спомна дека според извештаите има 380 вработени во сите обвинтелства од потребни 1.100, ставајќи посебен акцент за стручната служба каде што нагласи дека одредени обвинителства немаат ниеден дактилограф. А доколку им се одредуваат парите тие да имаат сопствен буџет, како што рече многу ќе се подобри нивната состојбата.

– Пополнувањето на јавните обвинтелски места навистина ни е приоритет. Имаме четири обвинителства со по еден обвинител, едно обвинителство со 10 години без обвинител и имаме и други обвинителства каде се со двајца тројца обвинители од потребни седум или осум. За граѓаните да можат да ја добијат својата помош и услуга, треба да има и лица кои би им помогнале, изјави Јолевски.

Додаде дека по системот на кариера и во повисоки обвинтелства мора да се изберат кадри кои имаат одредено работно искуство, а има кадри избрани пред две години кои исто не исполнуваат услови за да стигнат до повисоки обвинителства, но рече дека високите обвинтелства се празнат.

Во однос на прашањето дали со работата на Академијата за судии и јавни обвинители, можат да се дополнат овие места во догледен период, тој категорично рече дека не може да се продуцира кадри бидејќи две и пол години ќе треба за следната генерација која сега го полага приемниот.

Во однос на начинот на аплицирање Јолевски рече дека тоа би можело да се надополни со измени на законот или при аплицирањето во академија или да се овозможи избор пред да почнат во академија. Ако го положи приемниот испит за академија, односно ние да бираме кадри кои ќе работат под менторство.

Освен Стратегијата каде што е приоритет се пополнување на кадриде, Советот на денешната седница ја усвои и Предлог проекцијата на буџетот каде што во делот на плати спаѓа околу 81 процент, околу 14-15 проценти од останатите ставки за набавка на стоки и услуги и околу пет проценти се во делот на опремување.

– Бројката 46 милиони денари малку високо, но сметаме дека овие се минимални износи кои не се голем зафат во буџетот и кои нема да бидат товар на буџетот. Ова е буџет каде што ние изразуваме минимални барања за какво такво работење како совет. Додека во врска со тоа што излезе Завод за ревизија за тој процент, ние одамна не го добиваме тоа што е предвидено. Сето тоа нормално дека ќе се одразува на работењето. Рачунајте дека треба да работите со пола пари од тоа што е предвидено, изјави Јолевски.

Тој исто така го спомна неговиот предлог кој бил прифатен, на којшто во акциониот и стратешкиот план кој треба да профункционира 2023-2027 година, се предвидува да се формира посебно тело, еден самостоен јавнообвинителски буџетски совет кој би ги добивал на почетокот на годината парите кои се предвидени согласно законот, судскиот совет да ги добива тие пари кои се предвидени, па тие ќе ги трошат понатаму, тие ќе ценат колку кадри им требаат, колку ќе примат, колку ќе испуштат.

Tags: Јолевскисудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ