Пораката на Шарл Мишел е охрабрувачка. Македонија реално може да стане дел од ЕУ до 2030 година. Уставните измени се шанса Македонија да направи голем чекор напред кон Брисел, истакна вечерва новинарот Зоран Иванов во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 во врска со пораката што на Бледскиот стратешки форум ја испарати претседателот на Советот на Европа.
На прашањето како е можно да се изгласаат уставните измени во Собранието, Иванов одговори дека „власта потфрли во борбата против криминалот и корупцијата, а затоа и тешко ѝ оди во убедувањето на граѓаните дека уставните измени се добро за државата“.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш велело НЕ кога треба да се донесат одлуки важни за државата. Потрено е да се најде решение за и тие да ги поддржат измените, рече Иванов.
Целото гостување на Иванов во емисијата можете да го погледнете во продолжение: