• Latest

Усвоена Одлука за прераспределба на Буџетот, повеќе пари за плати, пензии и субвенции, за здравството и образованието

September 7, 2023

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Усвоена Одлука за прераспределба на Буџетот, повеќе пари за плати, пензии и субвенции, за здравството и образованието

September 7, 2023 12:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Ова се само дел од проекциите предвидени со Одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница.

Како што соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, Одлуката денеска ќе биде доставена од страна на службите до Собранието.

Бесими на прес-конференција подвлече дека не станува збор за ребаланс, бидејќи, како што рече, до крајот на годината се очекува реализација на приходната и расходната страна во ист номинален износ, како што е проектирано со Буџетот за 2023 година. Следствено, дополни министерот, и буџетскиот дефицит останува ист, односно 4,2 отсто од БДП, што ја докажува посветеноста кон постепена фискална консолидација.

-Предлагаме прераспределба, а не ребаланс. Прилагодувањата се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби, кон позиции каде преземавме обврски – како покачување на платите во јавниот сектор и исплата на К-15, ново покачување на пензиите за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, за набавка на лекови, за субвенции за земјоделците, како и за деветиот пакет на антикризни мерки кој Владата наскоро ќе го објави. Направени се прилагодувања кај некои од капиталните проекти согласно тоа што го дозволува динамиката на нивната реализација, при тоа напоменувам дека не се отфрла ниту еден капитален проект, како и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, односно согласно златното правило во финансиите – да се позајмува само за инвестиции и развојни цели, истакна Бесими.

Тој детално ги образложи проектираните прераспределби.

-Ставката плати во јавниот сектор ја зголемуваме за 4,25 милијарди денари и тоа околу три милијарди денари за зголемување на платите за 10 отсто од месец септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10 000 денари во нето-износ, согласно одредбите од Општиот колективен договор. Од овој износ, околу 1,4 милијарди денари се за 50 000 вработените на централно ниво и фондовите, 1,1 милијарда денари се за 36 000 вработените на локално ниво и 500 милиони денари се за 20 000 вработените во здравствените установи. Односно, вкупно за 106 000 вработени во јавниот сектор. Гледано во структура, околу 1,8 милијарди денари се за зголемување на платите за исплата на преостанатите плати годинава, додека околу 1,2 милијарди денари се за исплата на регрес за годишен одмор. За покачувањата на платите на 1.000 функционери, односно 450 судии, 150 обвинители, 120 пратеници, 50 правобранители, владини функционери-министри, директори, предвидени се 720 милиони денари. За усогласување на платите со порастот на минималната плата во текот на 2023 година предвидени се 480 милиони денари, информира Бесими.

Се обезбедуваат, додаде, и дополнителни 3,5 милијарди денари за 336 илјади пензионери за пораст на пензиите за околу шест отсто, почнувајќи од септември 2023 година.

-Се дообезбедуваат и 600 милиони денари за редовно сервисирање на обврските кон вториот пензиски столб. Притоа, за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантиран месечен приход планирани се дополнителни 600 милиони денари, а ова зголемување се должи по основ на повисока реализација заклучно со август. Кај земјоделски субвенции алоцирани се дополнителни 800 милиони денари наменети за субвенциии за млеко, сточарско производство, дел и авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство. Исто така за Агенција за хана и ветеринарство за справување со африканска чума на фарма АГРИЈА на 9 151 грла планирани се неопходните 110 милиони денари, нагласи Бесими.

Според него, иако категоријата Стоки и услуги се намалува како удел во буџетот во 2023 година во споредба со минатата (од 8 на 7,3 проценти), обезбедени се дополнителни средства за здравството и образованието.

-За набавка на лекот Трикафта за 55 пациенти во износ од 100 милиони денари, за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест 20 милиони денари, за дополнителни средства за редовно сервисирање на породилните боледувања 200 милиони денари, како и за превод и печатење и откуп на учебници за основно и средно образование дополнителни 166 милиони денари, рече Бесими.

Планирани се и дополнителни 290 милиони денари за 29 000 корисници на студентски оброк, за 6 900 стипендисти студенти и за 9 600 ученици стипендисти.

Како што истакна министерот, со прераспределбата, за исплата за трет квартал од МОЈ ДДВ се планирани дополнителни 650 милиони денари, поради покачувањето на лимитот за поврат. Направени се и дополнителни алокации за државна помош за компании во износ од 1,081 милијарди денари, и тоа за странски компани 581 милион денари, за домашни компани 200 милиони денари и за ТИРЗ 300 милиони денари.

-Пристапивме кон овие реалокации на средства, главно во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачувањето на платите во јавниот сектор, К-15, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците, деветиот пакет антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци. Понатаму, ја задржуваме развојната компонента на буџетот, со повисоко ниво планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. Исто така, се реалоцираат дополнителни средства за поддршка на компаниите, како странски, така и домашни. Стратегијата е заздравување на економијата пред се, заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и забрзување на растот, подвлече Бесими.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетвладапензииплати
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ