• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

September 26, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

September 26, 2023 15:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Соочена со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и соочени со се поуспешните украинските напади врз стратешката руска  воена инстратуктура во позадината на линијата на фронтот, вклучително и загубата на воени бродови на Црното море, руските пропагандисти со сите сили се трудат да покажат какви – такви резултати на бојното поле и со пласирање дезинформации и лажни констрикции да ги одржи во живот надежите за остварување на целите на својата агресијата врз Украина.

Во нивните очајнички напори имаат сесрдна поддршка од одредени докажани про-руски македонски медиуми, кој некритички ги пласираат лажните вести пред својата публика со цел да ја „одржуваат влагата“ кај македонските рашисти и путинољубци во нивната надеж дека „великиот“ Путин, сепак, нема да ја изгуби војната.

На 23 септември, во руските медиуми, а следствено на тоа и во дел од македонски медиуми, дежурни пренесувачи на руската пропаганда и дезинформации (секако via B92) кружеа извештаи дека руска извидница уништила тенк „Леопард“ со германски екипаж, кој наводно се состоел од персонал на Бундесверот. Како извор на оваа информација тие се повикаа на некој „командант на разузнавачка група која дејствуваше на фронтот Запорижја“.

Според руските медиуми, ревносно пренесен и во домашните про-Путин медиуми, овој извидувачки офицер, кој „вешто зборува германски“, тврди дека целиот екипаж на уништениот тенк „Леопард“ загинал. Механичарот-возач, кој бил тешко ранет, наводно почнал да вика „Не пукај“ кога се сретнал со руски воен персонал. Истиот механичар наводно открил дека тој е војник на Бундесверот, а целата тенковска екипа е од истата единица. Подоцна, механичарот наводно починал од загуба на многу крв.

Германското Министерство за одбрана во телефонски разговор за ДВ во неделата, на 24 септември, го демантираше лажното тврдење што го шират руските државни медиуми дека германскиот тенк Леопард „со екипаж од Бундесверот“ е уништен во борбената зона во Украина.

„Нема германски тенковски екипажи во Украина“, изјави претставник на германското Министерство за одбрана во телефонски коментар за ДВ.

Оваа лажна вест стигна и до македонските портали по веќе воспоставената практика. Објавите на мас- медиуми во Кремљ, проруски сметки на Фејсбук, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток, прво поминуваат низ „филтерот“ на српскиот портал Б92, за потоа да се дистрибуираат и преземаат од македонски портали.

Лажната објава сензационалистички ја пренесува Б92 (повикувајќи се на објава на Спутник) на 23 септември, а потоа, истиот текст преведен на македонски го објавува А1ОН, за потоа да следува објава на Пулс24 со видоизменет, дофилуван и проширен со заканувачки пораки, кои одат и чекор подалеку во ширењето на руската пропаганда, пренесувајќи закани на одредени руски пропагатори дека Русија го губи трпението и дека е време Кремљ да го прекине „проектот“ Украина.

Утредента истата дезинформацијата осамна и на МКД.мк, кои малку се потрудиле на текстот да му дадат сопствен печат, па како извор ги навеле РИА Новости.

Сензационалистичката вест за наводното загинување на германски војници во наводно уништен „Леопард“, базирана на наводна изјава на наводен руски офицер, за наводно ранет германски механичар кој наводно на германски викал „Не пукајте“ беше пренесена без никакви докази. Ниту снимки од германскиот војник и неговото „признание“ кои доколку истово сценарио реално се случило секако не би изостанале и кои руската пропаганда со огромно задоволство би го искористила во обид да прикаже каков/таков успех по серијата разошарувачки неуспеси и загуби на бојното поле.

Во одредени медиуми, во текстот е прикачено видео од објава на рускиот Твитер бот Јохан Андерсон, за кое тврди дека е снимка од уништување на „Леопар“ тенк со дрон „Ланцед“, но според нејасната снимка не може да се утврди каде и кога се случило, но и дали навистина е уништен тенк „Леопард“, дел од германската помош на Украина, особено ако се земе предвид дека Украинците од автомобили прават реплики на тенковите Леопард за да ги измамат Русите.

За сличен случај на наводно „уништување“ на Леопард тенк предходно објави Цивил Медиа кога Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн.

На почетокот на јуни, во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а во пресрет на долгоочекуваната украинска летна офанзива, руското Министерство за одбрана, преку провладиниот канал Риа новости, објави видео на кое наводно се гледа како јуришен хеликоптер Ка-52 пука во тенк „Леопард-2“ и го уништува, што тие го нарекоа „прв видео доказ“ од тој вид. Сепак, рускиот канал „Воиениј Осведомител“ препозна дека ова не е Леопард-2, па дури не е ниту тенк, туку обично земјоделско возило.

За демантот на германското Министерство за одбрана на посочените сајтови нема место.

Д. Мишев 

Tags: германски тенковски екипажмакедонски про-руски медиумируска агресија врз Украинаруска пропагандаруски дезинформациитенкови „Леопард“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ