• Latest
Александар Вучиќ

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово

September 28, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово

September 28, 2023 09:38
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Александар Вучиќ

Александар Вучиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија, Соња Бисерко вели дека целта на нападот од страна на српска вооружена група врз косовската полиција во Бањска, кај Звечане, во северно Косово, во неделата, на 24 септември, била поделба на Косово,

Во интервју за црногорскиот медиум „ЦдМ“ (Cafe del Montenegro), кое го пренесува приштинскиот портал „Телеграфи“, Бисерко рече дека нападот бил очекуван и најавуван подолго време, дури и од самиот претседател на Србија, Александар Вучиќ.

– Графитот „Кога војската ќе се врати на Косово“ како предупредување го поплави не само Белград, туку и внатрешноста на Србија. Потоа, говорот на претседателот Александар Вучиќ на Генералното собрание (на ООН), неговиот тон и порака – сето тоа укажуваше дека нешто се подготвува. Белград отсекогаш бил транспарентен во своите намери, како во 90-тите кога тргна да ја уништува Југославија, секоја акција и намера претходно се најавуваше во медиумите, изјави Бисерко.

Српската активистка за човекови права посочува дека со обелоденувањето на информациите за случувањата на 24 септември се подразбира дека постоело сценарио да се предизвика конфликт, за потоа српската војска да влезе со цел наводно да го заштити српскиот народ на север и на овој начин да предизвика поделба на Косово.

Според Бисерко, поделбата на Косово е опција која ја поддржуваат речиси сите во Србија: политичката елита, академската елита, армијата, медиумите итн.

Бисерко вели дека таквата состојба не е испровоцирана од косовскиот премиер Албин Курти, како што пропагира официјален Белград и медиумите под негова контрола.

– Оваа операција, без разлика кој е директно одговорен за неа во Белград, ја премина црвената линија која Западот не може да ја толерира. Оваа ситуација не ја испровоцира Курти, како што коментираат многумина во Белград. Напротив, тој покажа зрелост, а косовската полиција покажа професионалност, вели Бисерко.

Таа додаде дека потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радојичиќ, кого официјална Приштина го посочи како водач и организатор на нападот на север, лежи во белградската воена болница (ВМА).

– Ако не Вучиќ, кој тврди дека не знаел што се случува, тогаш се поставува прашањето која е главната фигура во Белград. Истрагата потврдува дека се работи за добро опремена (борбените возила се на МВР на Србија, како и арсеналот оружје, кој, според проценките, бил наменет за 200 лица) и добро обучена група предводена од Радојичиќ, кој инаку е под санкции од САД. Се дознава дека е повреден и се наоѓа во ВМА. Идентитетот на уапсените сè уште не е откриен, но веројатно, како што сугерираат некои аналитичари, многу од нив биле и на украинското бојно поле на руска страна, изјави Бисерко за црногорскиот „ЦдМ“.

Во неделата, на 24 септември, во Бањска кај Звечане, северно Косово, група од над 30 вооружени и маскирани лица нападнаа косовски полицајци, при што еден припадник на полицијата беше убиен, а уште двајца беа ранети. Во одговорот на косовските специјалци беа убиени најмалку тројца од напаѓачите и беа запленети големи количества оружје, како и околопни и други возила користени во нападот.

Извор: Слободен печат

Tags: Александар ВучиќКосовоСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ