• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски „загрижен“ за руското влијание во ЕУ додека коалицира со путинистот Стоилковиќ

October 2, 2023

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Мицкоски „загрижен“ за руското влијание во ЕУ додека коалицира со путинистот Стоилковиќ

October 2, 2023 15:07
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

На Втората годишна конференција на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, претседателот со најголем опозициски стаж, Христијан Мицковски, изрази жалење затоа што Европа повторно, според него по којзнае кој пат е доведена во заблуда, и дека е заложник на руската политика на Балканот, а ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имале прозападна ориентација.

Замислете, ова го вели лидерот на опозицијата која како коалиционен партнер, кој на координација седи десно од Мицкоски, го има докажаниот путинист и рашист, претседателот на  Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, кој беше во посета на Москва каде се одржуваше Безбедносен форум, во друштво со сличните на него, докажаните анти европските елементи од регионот, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е меѓу учесниците е и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин. На форумот, пред „високите“ гости, видео-обраќање имаше рускиот претседател Владимир Путин, според кого Русија и нејзините сојузници ќе успеат во намерата да се изгради поправеден свет и дека јакнењето на стабилноста во светот е единствена алтернатива на „западните санкции“. Стоилковиќ е пратеник, дел од опозициската коалиција со ДПМНЕ, во земја која е дел од тие западни сојузници и ги применува санкциите кон Русија.

Присуството на Стоилковиќ на конференцијата се случи во време кога целиот свет ја осуди и се бори против руската агресија врз Украина.

Стоилковиќ посетата на Русија ја најави во 2019 година преку социјалните мрежи, и напиша дека форумот е место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста.

Во 2016 година, на покана на претседателот на партијата Единствена Русија, Димитри Медведев, претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, престојуваше во Москва на 15 Конгрес на партијата.

Стоилковиќ исто така ја правдаше руската листа на непријателски земји, на која е и Северна Македонија, посочувајчи ја како виновник министерката за одбрана, Славјанка Петровска, отворено ставајќи се на страната на руската пропаганда споделувајќи ги руските дезинформативни и пропагандни наративи дека министерката за одбрана ќе испраќала војници во Украина, иако, според него, таа не е членка на НАТО, ниту пак ќе биде некогаш.

Дополнително, Стилковиќ со крајно навредувачки изјави ја омаловажува сопствената армија со изјавата за „смешната одлука“, со оглед на капацитетите, за испраќање оружје во Украина, спротивно на законот.

Мицкоски, кој сега (по се почестите критики дека има антизападни ставови) се обидува да ја убеди домашната и светска јавност дека ВМРО- ДПМНЕ отсекогаш била и е со прозападни ставови, не се огласи и не ја осуди посетата на Москва на неговиот коалиционен партнер Стоилковиќ и неговите отворени анти НАТО и анти ЕУ ставови? Дали тоа значи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат анти ЕУ, анти НАТО и проруските ставови на ивниот коалиционен партнер?

Иван Стоиљковиќ е и познат „заштитник за србството“, но само преку Фејсбук статуси. Задскриен зад сигурноста на тастатурата, тој во контекст на вооружениот инцидент во Косово на 24 септември, објави фотографија на својот Фејсбук-профил со графит кој гласи „Знам јас што ве убива, Косово е Србија“, а во прилог на фотографијата, Стоилковиќ напиша:

„Слава на Србите од Косово и Метохија кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родната земја од зголеменото угнетување и тиранија од страна на властите на шиптарскиот окупаторски режим., додавајќи при тоа дека „продолжува угнетувањето на Србите, насилството ескалира, т.н. меѓународна глуми лудост и е соучесник во нечесните постапки предизвикани од тероризирањето на Србите од страна на Курти. Вечна слава, слава на српскиот народ кој и покрај невидениот терор преживува во српската колевка и не ги остава своите вековни огништа пред дивите ѕверови на Курти и на меѓународните ѕверови и дека е јасна нивната цел е да ги протераат Србите и дека нивната главна приказна е мир без Србите. Притоа забораваат дека ниту една окупација не трае вечно, па нема ниту оваа.

Крајно лицемерно и понижувачки кон српската заедница е ваквите „загрижувачки“ и „потпалувачки“ изјави да доаѓаат од коалициониот партнер на партијата која за време на нејзиното владеење ја призна независноста на Косово, а дотичниот претседател на Демократската партија на Србите во Македонија не собра сили (а по се изгледа немаше ниту интерес) во знак на револт и несогласување со одлуката да ја напушти коалицијата.

 

Tags: vmro dpmneИван Стоилковиќруска пропагандаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ