• Latest

Кулебанова: Ние како држава сме зелена држава, треба да работиме на одржување на она што веќе го имаме

October 13, 2023

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Кулебанова: Ние како држава сме зелена држава, треба да работиме на одржување на она што веќе го имаме

October 13, 2023 13:53
in ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Како зелена економија, тоа е еден многу чест израз којшто веќе е сеопфатен во сите излагања на политичките партии, општеството, граѓаните, меѓутоа, за да разбереме каде сме ние како општество, треба да се потсетиме од каде се ова потекнува, посочува Кулебанова на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

Таа ги објасни почетоците на зелената економија, како и следните чекори на развивањето на државите во тој правец.

„Зелената економија е резултат на едно истражување, и прв пат се појавува во 1989 година, кое е изработено во редовите на една група британски економисти, во Лондонскиот центар за еколошко одржлива економија и развој. Оттаму, понатака сето тоа се развива и оди во насоки на развојните цели на сите општества, особено за време на економската криза во 2008 година, таа добива нова афирмација, и во 2020 година на Конференцијата на ОН за одржлив развој, се посветува поголемо внимание, каде што се напишани целите кон кои би се стремеле сите држави.“, вели Кулебанова.

Кулебанова предочи за тоа каде се наоѓаме ние како држава и општество во светската слика на остварување на зелените цели.

„Меѓутоа, ние овде спаѓаме во делот на помалку развиените држави, затоа што сепак, за остварување на овие цели, за одржлив зелен развој, има предности коишто имаат цена на чинење. За нивно крајно остварување. Таму има и еден дел каде што има шест приоритетни подрачја за помалку развиените земји.  Тука, како центар на зелената економија, се става акцент на управување со отпадните води, одржливост и почист транспорт, зелено градење, обновливи извори на енергија, користење со управување на водите, и селекција на отпадот. Таму е фокусирано дека ние спаѓаме во оној дел на преземање мерки за зелената економија, и таму треба да ни биде фокусот“, посочува таа.

За остварливоста на ови цели, Кулебанова вели:

„Ние како држава сме далеку од овие остварувања на целите, исто така, во последните години правиме доста напори. Ќе истакнам дека ние како општество, и како граѓани, мислам дека сето ова треба да се потегне од едни регионални центри, односно,  да се потегне од секој граѓанин, но главно од општините. Имаме примери за преземање на такви мерки, но, гледам дека се уште сме заглавени на прочистување на водите, со прочистителните станици, а имаме доста работа во тој дел. Ние како држава ,сме зелена држава, треба да работиме на одржување на она што веќе го имаме, порача Кулебанова.

Tags: „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“Зелен форумЗелен Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ