• Latest
Фото: Мета.мк

Дезинформациите во здравството може да нè чинат животи, вакцините се најдобра заштита од заразни болести

October 20, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформациите во здравството може да нè чинат животи, вакцините се најдобра заштита од заразни болести

October 20, 2023 11:01
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЗДРАВСТВО, ИЗЈАВИ
Фото: Мета.мк

Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Три болести му се закануваат на европскиот континент, а тоа се пертусис, дифтерија и морбили. Дали ќе имаме случаи, зависи од степенот на вакцинација и од свесноста на родителите за неопходноста од вакцинација на нивните деца. Да не дозволиме да учиме повторно на потешкиот начин, вели д-р Мехмедовиќ.

Лажни вести и дезинформации има во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот. Оттаму, неопходно е да се подигне нивото на здравствена едукација кај популацијата и да се знае дека многу болести се превенираат токму поради вакцинацијата, пренесува Вистиномер.

Ова се заклучоците од денешниот брифинг со новинарите на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“, на кој зборуваа Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, д-р спец. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести, проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комисија за имунизација и Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист.

„Болестите се ставени под контрола благодарение на вакцинацијата. Кон крајот на 2018, односно почетокот на 2019 година, имавме епидемија на морбили. Тогаш опфатот на вакцинација падна на 74 проценти и беше прашање на време кога ќе се појави болеста. Имавме четири смртни случаи и 1.900 заболени. Таа година сме дале 41.623 дози вакцини на деца до 14 години. Ако имаше поврзаност вакцината со аутизам, ќе детектиравме случај. Така што таа вакцина е сосема безбедна“, рече проф. Грозданова.

Таа исто така наведе и дека кога треба да се патува на пример, на Малдиви, нема дискусии за квалитетот на вакцината за жолта треска, или пак, кога треба наши студенти да заминат во земји кои налагаат задолжителна имунизација со одредени вакцини.

Професорката вели дека не залудно постои календарот за имунизација и дека секоја доза вакцина треба да се прими во точно определената возраст, без одложувања поради различни причини.

Претставничката на УНИЦЕФ, ДиЏовани, вели дека благодарение на вакцините, сериозните болести денеска не се закана.

„Но, тие сепак постојат. Во други земји сум видела луѓе како страдаат од болести кои можеле да се спречат со вакцинацијата. Оваа земја има многу добра традиција кога станува збор за детската имунизација, но сепак, инфодемијата ги одвраќа родителите од вакцинирањето на своите деца“, рече ДиЏовани.

Д-р Мехмедовиќ, пак, информираше дека во државата, не постои ниедна вакцина која има опфат помал од 50 проценти.

„Тоа е така бидејќи популацијата е свесна за придобивките од вакцинацијата. Имаме региони и градови во кои опфатот е над 90 отсто. Аутистичниот спектар кај деца не е поврзан со ММР вакцината, имаме наука која стои зад ова. Исто е и со тврдењето дека вакцината за ХПВ предизвикува стерилитет. Немаме ниту еден таков евидентиран случај“, рече Мехмедовиќ.

Тој кажа дека три болести му се закануваат на европскиот континент, а тоа се пертусис, дифтерија и морбили.

„Дали ќе имаме случаи, зависи од степенот на вакцинација, од свесноста на родителите за неопходноста од вакцинација на нивните деца. Да не заборавиме дека во минатото имавме смртни случаи, да не дозволиме да учиме повторно на потешкиот начин“, нагласи Мехмедовиќ.

Потенцираше и дека со вакцините, популацијата се штити од тешки форми на болестите и смрт.

Комуникологот Кордалов ја нагласи штетноста од дезинформациите поврзани со вакцинацијата и рече дека недовербата на луѓето во докторите може да предизвика тие да престанат да одат на лекар или да престанат да ја пијат пропишаната терапија.

„Научната вистина е една, искреирана е врз основа на фактите. Затоа неопходно е да се водиме од науката“, кажа Кордалов.

Настанот беше организиран од страна на Метаморфозис Фондација за интернет и општество, како дел од проектот Превенција и одговор на ковид-19 во Северна Македонија, финансиран од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и поддржан од Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Tags: вакцинацијаДезинформации во здравствотозаштита од заразни болестиУНИЦЕФ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ